Вечерва гостин во „Само вистина“ ќе биде Слободан Богоески

Дами и господа, среда е среќен и уште еден ден за вашата и наша „Само вистина“. 

Вечерва жешкото столче е резервирано за човекот кој што жареше и палеше, поранешниот прв човек на службата за државна безбедност, Слободан Богоески.

Шеф на тајната полиција од 91-ва до 97-ма, познат и како еден од „осуммината“ од МВР, за него се смета дека сеуште има силни врски со деловниот свет, но може ли да ни каже до каде е ревизијата на предметите со „монтираните“ случаи од  „поранешниот режим“?

Каков е неговиот став, има ли надеж за судството и за обвинителството, или „Прибе“ ќе си остане само на хартија?

До каде е разврската на случајот „Маџар телеком“?

Ќе ни открие ли дали во своите архиви чува документи или  информации кои што може да компромитираат некој политичар?

Дали „прокуристот“ Бојан 13-ка има капацитет да биде главата на „Рекетот“ или можеби друг „октопод“ се крие зад обвинетите?

Дали смета дека новиот закон за обвинителство ќе донесе напредок во човековите права и слободи?

Власта е сигруна во победа, опозицијата вели „победуваме ние“, дали за Богоески ќе има место за трета опција на 12-ти Април или за разбивање на македонската црно-бела политичка сцена, неопходен ќе биде странски булдожер ?

„Јавната соба“ соба навистина стана јавна, но дали органите на власт имаат капацитет да откриваат вакви случаи или и во ерата на интернетот – „допрениот глас“ е единствениот извор на информации?

И вечерва на единственото место резервирано за вистината на  човекот „алфа и омега“ во државната безбедност Слободан Богоески, во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.      

Во подморница близу брегот на Панама се запленети пет тони кокаин

Пет тони кокаин се запленети на подморница во панамските води, соопшти денеска Панамската поморска служба (Сенан).

Четворица Колумбијци се уапсени во операција на 300 километри северо-западно од градот Панама, на брегот на Карибите во провинцијата Бокас дел Торо, која граничи со Костарика.

Рачно изработената полу-подморница е првиот брод од ваков вид и со тој капацитет за пренесување дрога што е откриен во Панама, изјави државниот јавен обвинител на Панама.

Панама, сместена среде рутата за шверц  од Колумбија до Соединетите држави, минатата година забележала рекордна заплена на дрога од 91 тон, 77,9 тони кокаин и 12,9 тони марихуана, тврди обвинителот.

Во саботата властите во Костарика заплениле 5,8 тони кокаин сокриени во пратки цвеќе спакувани за извоз во Холандија.

Пукотници во близина на универзитет во САД : Најмалку четворица застрелани во Филаделфија

Најмалку четири лица се застрелани попладнево во Северна Филаделфија, област на градот Филаделфија, соопшти полицијата, пренесува „Индипендент“.

Пукањето се случило во близина на главниот кампус на Универзитетот Темпл, на крстосницата на 11-та улица и улицата Томпсон.

Повредените се на возраст од 19 до 25 години , а 19- годишната девојка е во критична состојба со повреди на главата. Блиското основно училиште е затворено. 

Полицијата ја блокира областа. Дупки од куршуми може да се видат на паркираните возила.Мотивот за напаѓачот е непознат и сè уште нема извештаи за сосотојбата на повредените кои се пренесени во локалната болница.

Не е познато ниту дали е приведен напаѓачот и кои биле неговите мотиви.

Макрон нема да дозволи имами и други верски учители од странство да држат настава во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе ја ограничи практиката на другите земји да испраќаат имами и други верски учители во Франција, со цел да се запре она што го нарече „сепаратизам“.

На помалку од еден месец до локалните избори, Макрон изјави дека постепено ќе го ограничи системот со кој Алжир, Мароко и Турција испраќаат имами во Франција да проповедаат во џамии и додаде дека тој постигнал договор со тие земји, освен со Турција .

„Нема да дозволам ниту една земја да нè храни со сепаратизам“, рече Макрон на прес-конференција во Мулхаус, на истокот од земјата.

Тој истакна дека прекинувањето на исламскиот наставен систем е исклучително важно за да се ограничи странското влијание и да се осигура дека сите ги почитуваат законите на републиката.

Тој рече дека овие земји испраќаат 300 имами годишно во Франција и најави дека оние што пристигнуваат годинава ќе бидат последните што влегуваат во земјата. Тој рече дека неговата влада побарала институцијата што го претставува исламот во Франција да најде можност имамите да бидат обучени на француска територија, да се осигура дека зборуваат француски и да не шират исламистички идеи.

Макрон, кој постојано беше критикуван од екстремно десничарскиот лидер Марин Ле Пен за интеграција на француските муслимани, најави дека ќе ја укине практиката на предавање француски платени верски учители на странски студенти.

Досега, францускиот претседател не се осврна на прашања поврзани со муслиманската заедница во Франција, која е најголема во Европа, но се фокусираше на економските прашања.

Франција последниве години постојано е на мета на исламските сепаратисти. Во ноември 2015 година, во координиран напад во театарот Батаклан и на други места во Париз, загинаа 130 лица,што е најсмртоносниот напад во Франција по Втората светска војна.

притисни ентер