Најновиот извештај на Парламентарното Собрание на Советот на Европа потврдува дека од 2018 Република Македонија се издвојува од другите земји на поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите.
Во извештајот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се нагласува ситуацијата во Македонија во 2017 година, кога новинари беа претепани додека покриваа демонстрации пред парламентот.
Како и дека вкупно на 21 новинар им биле упатени закани или им било попречено известувањето ОД местото на настанот.
Во извештајот е нотирано дека поранешниот лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги опишал своите противници како предавници, покрај серијата напади врз медиумите во февруари 2017 година.
СДСМ и владата којашто ја предводи, успеа да стави крај на насилството врз новинарите и да обезбеди слобода на медиумите.
Денес, заложбите на СДСМ за слободни медиуми се потврдуваат.
Додека 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции, медиуми и загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава.
Напредокот што го постигнува нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.
Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.
Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните.
Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ