Добра вест за корисниците на „Windows 7“, сепак ќе добијат ново ажурирање

Корисниците на  „Windows 7“оперативниот систем сепак ќе добијат ново ажурирање, иако поддршката официјално е престаната.

Пропустот кој е направен со последното ажурирање „KB4534310 “ доведе до тоа одредени „Windows 7“ позадини ( оние во „стреч“ мод)  да бидат заменети со обична црна слика.

Едно од решенијата е просто да престане да се користи „Стреч“ опцијата, но Мајкрософт рече дека проблемот ќе биде поправен за оние кои купиле „Windows 7 Extended Security Updates“.

Со други зборови, решението треба да биде достапно за оние кои плаќаат додатна поддршка.

Имаше и некои „теории на заговор“ според кои Мајкрософт на овој начин ги казнува сите оние кои не сакаат од „Windows 7“ да прејдат на „Windows 10“, пишува „Tech Radar“.

Во секој случај, сепак од Мајкрософт решиле дека ажурирањето ќе го добијат сите корисници а не само оние кои плаќаат додатен пакет за ажурирања.

„Снежен град" на Попова Шапка во битка со топлото време

Манифестацијата „Снежен град" на Попова Шапка овие пет дена измина во битка на учесниците-ученици од основно училишта со временските услови, односно топлото време кое за некоку часа ги топеше направените снежни фигури. 

Организаторот Детски Културен Центар „Карпош" од Скопје имаше повикано 60-тина ученици на годинешната 44-та по ред манифестација „Снежен град".

-Иако сонцето го топеше снегот за неколку часа, децата беа упорни и ги правеа фигурите. Малку заврна снег, но го дуваше и ветер. Се работеше од кај 9:30 па до 12:30 секој ден. Успеавме да направиме пингвин, Снежана и седумте џуџиња, тврдина, „оган" во снегот, порта и коњ. Секако и најчестата фигура-игло, односно повеќе иглоа кои се обидоа децата да ги поврзат со тунели да влегуваат и да поминуваат поминувааат низ нив, изјави Стојан Христов, организатор на програма во ДКЦ „Карпош".

Тој потенцира дека и покрај тоа што на крајниот ден сите фигури не успеале да го издржат топлото време, целта на манифестацијата е постигната.

-Иако траеја по еден или два дена, снежни фигури имаше, а најважно беше да се прикаже креативноста кај децата како и да се навиканат на едно колективното дружење. Имавме ситуации на кои наидуваме, дел од ученциите градители да се деца на луѓе кои во детството биле дел од Снежниот град па продолжиле да другаруваат, изјави Христов.

Во попладневните часови учениците имале разни активности од забавно – рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг – понг , билијард, шах, Училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски, забава, танцување и дискотека. /МИА

Почнува Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice"

На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски" денеска и утре ќе се одржува четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice".

Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц. Утре, настапите почнуваат во 07:30 часот, а од 10 часот ќе настапат учесниците од земјава и од странство кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори.

Организатор на „Skopje on Ice" е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен. /МИА

Тинејџерка го пропатувала половина свет за да го испие првото пиво во пабот каде што се родила

Изобел Кејси, тинејџерка од Велика Британија, пропатувала 7.500 километри за да го испие своето прво пиво во пабот каде неочекувано се родила пред 18 години.

Нејзината мајка, Никол, се породила во пабот Хартфорд Мил во Витон на 14 февруари 2002 година. Семејството се преселило во Ванкувер во 2006 година, но тинејџерката се врати за да го прослави полнолетсвотот во пабот каде што се родила.

Мајката Никол, која била медицинска сестра во блиската болница Папворт, имала силни контракции додека пиела кафе во пабот со пријателите.

Кога пристигнал сопругот Нил, се јавил во болницата, но се вратил во пабот , каде што се родила Изобел, па тогаш решиле дека нивната ќерка ќе го испие своето прво пиво во тој англиски паб.

„Верувате на англиски и европски начини на едукација на младите луѓе во врска со пиењето. Тоа е како пиво кое е различно од лесно газираното канадско пиво “, рече Нил, кој самиот бил научник на Клиниката во Папворт.

Младата Изобел, која се надева дека ќе се запише на програма за биологија во Велика Британија следната година, вели дека е многу возбудена што се вратила на местото каде што се родила.

притисни ентер