Лила: За 1ТВ донирав 25 илјади евра

Водителката Лила Стојановска која беше долгогодишна пријателка на Бојан Јовановски на денешното сведочење во процесот „Рекет“ изјави дека дала донација за телевизијата на Бојан 1ТВ.

-Откако беше отворена неговата телевизија дадов донација од 25.000 евра, а подоцна дадов и позајмица од 500.000 денари за 1ТВ рече Лила Стојановска

На прашање на обвинителката Смаќоска Гордана дали се сеќава дека од БМЈ до неа имало уплата од 500.000 денари кои таа подоцна ги уплатила, Лила рече дека не е точно.

– Мене никој не ми уплатил пари, јас тие пари од моја сметка ги имам платено.

– Со Бојан сме биле на неколку викенд одмори. Денот кога бевме вратени од граница беше планирано да одиме заедно со уште две лица на Миконос, вели таа.

притисни ентер