Фото: НБА лигата го менува логото во чест на трагично загинатиот Коби Брајант!?

По трагичното загинување во хеликоптерска несреќа на легендарниот кошаркар Коби Брајант во САД започна голема акција преку социјалните мрежи,акција која се претвори во петиција за промена на логото на НБА лигата.

Само една објава на Канаѓанецот Никијара Могтејдер предизвика општ хаос на социјалните  мрежи. 16 годишниот Никијара отвори петиција за промена на логото на НБА од сегашното со ликот на Џери Вест во лого со ликот на еден од најдобрите кошаркари во историјата  трагично загинатиот Коби Брајант.

Никој не очекувал дека оваа негова петиција за само 24 часа ќе биде потпишана од повеќе од 250 000 луѓе. Поради сето ова реагирало и раководството на НБА лигата.

Според поедини информации од Америка, раководството на најсилната светска кошаркарска лига веќе го разгледува овој предлог.

Последен пат логото на НБА е сменето во 1969 година поради што многумина сметаат дека сега е вистинско време за нова промена.Самиот Џери Вест кој е на сегашното лого на НБА во неколку свои интервјуа истакнал дека не сакал да биде на официјалното лого на лигата. 

На социјалните мрежи веќе се појавија и многу предлози за изгледот на новото лого на НБА.

Меси и Хамилтон ја поделија наградата ,,Спортист на годината”

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон ја поделија наградата Спортист на годината.

За прв пат во историјата, наградата Лореус ја делат двајца спортисти.

Исто така, Лионел Меси е првиот фудбалер на Лореус во историјата.

Аргентинецот имаше фантастична индивидуална сезона со Барселона и заслужено стана првиот фудбалер од 1999 година кој е добитник на наградата Спортист на годината.

Сепак, тој мораше да ја сподели со шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, кој е третиот возач во Формула 1 што го доби ова признание.

Пред него, оваа награда им припадна на Мајкл Шумахер и на Себастијан Фетел.

ЖКК „Бадел 1862" од Кисела Вода ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката"

ЖКК „Бадел 1862" од Општина Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка во земјава ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката".

Целта на овој проект, како што информираат од Општината, е психосоцијална поддршка на кошаркарките во тимот, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група.

Како што појасни Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862", работилниците ќе ги опфатат млади на возраст од 14 до 18 години. Тој појасни дека во нашата држава нашиот клуб е прв со ваков проект.

-Ние сме свесни дека психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни , така што поучени од светските трендови на големите спортски клубови, одлучивме да им овозможиме на нашите кошаркарки поддршка и од овој тип. Проектот ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии и креативни работилници, рече Павловски.

Реализацијата на програмата  ќе ја овозможат психолозите  Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова./МИА

Видео: НБА ОЛ Стар, тимот на Леброн подобар од тимот на Адетокумбо

НБА ОЛ Стар меч за паметење, маестрални потези, кошеви, дриблинзи, но и драма која ретко се гледа.

Тимот на Леброн Џејмс со 157-155 го победи тимот на Јанис Адетокумбо на 69 Ол Стар викедн во НБА лигата одигран во Чикаго.

Љубителите на најсилното светско кошаркарско првенство одамна не гледале подобар дуел во мечот на сите ѕвезди во НБА. Најзначајниот меч на Ол Стар викеднот во Чикаго имаше исклучително драматична завршница. Дуелот беше одлучен по неверојатната драма во последните 12 минути, по фаулот на Кајл Лаури над Ентони Дејвис. Новиот формат на Ол Стар мечот донесе одлична игра и резултат и невиден натпреварувачки ритам.

Во спектакуларниот натпревар видовме драма, жестока борба и по подолго време мечот на сите ѕвезди донесе сериозна кошарка.

По 45 минути игра по резулатски пресврт и достигната негатива од 17 поени, тимот на Леброн Џејмс со кошевите на Ентони Дејвис од линијата за слободни фрлања го доби мечот со 157-155.

Најдобар во победничкиот состав беше Кавај Ленард со 30 поени,(8 тројки), 23 коша постигна Кралот Џејмс, ист ефект имаше и искусниот плеј Крис Пол(7тројки), Ентони Дејвис додаде 20 поени а имаше и 8 скока..Балканските ѕвезди Јокиќ и Дончиќ Ол Старот го завршија со 5 односно 8 поени.

Ѕвездата на Милвоки Адетокумбо беше најефикасен во својот тим со 25 поени и 11 скока, Кемба Вокер постигна 23, Ембид 22 со 10 скока, а Руди Гобер имаше 21 кош и 11 скока.

Очекувано МВП признанието кое од годинава го носи името на трагично загинатиот Коби Брајант на крајот заврши во рацете на најефикасниот кошаркар на Ол Стар мечот ѕвездата на Клиперси Кавај Ленард.

Ол Старот имаше и дел посветен на легендарниот Коби Брајант. Трагичната смрт во хеликоптерска несреќа на еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА беше одбележана со  трибини раководена од легендарниот Меџик Џонсон, на која настапија познатиот рапер Дрејк,  свестката музичка ѕвезда Џенифер Хадсон со песни посветени на Брајант.

притисни ентер