Лавров : Мировниот план на Трамп прво треба да биде проценет од меѓународната заедница

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Израел и палестинските територии треба да се процени на меѓународно ниво пред објавувањето, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија, САД , Европската Унија и Обединетите нации треба да ги оценат предлозите на планот, рече Лавров, јави руската новинска агенција Интерфакс.

„Мораме да ги почекаме официјалните предлози и да видиме од прва рака каква позиција имаат директнио засегнатите страни “, изјави рускиот министер пред новинарите во Москва.

Во последниве години, Русија презеде сè поголема улога во посредувањето меѓу Израел и палестинската власт. Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со израелскиот и со палестинскиот лидер минатата недела.

Трамп по средбата со израелескиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави планот на прес кнференција во Белата куќа.

притисни ентер