Американската компанија ,,Атари” отвора хотел , рај за гејмери

Американската компанија Атари е основана пред скоро половина век и е една од најголемите производители на конзоли и компјутерски игри.

На нивната веб-страница прикажаа планови да изградат низа хотели кои на гостите ќе им понудат незаборавно уживање во различни типови игри, вклучувајќи модерни типови на виртуелна реалност, пренесува „Унилад“.

Засега се најавени Лас Вегас, Денвер, Чикаго, Остин, Сиетл, Сан Франциско и Сан Хозе, додека првиот хотел ќе биде изграден во Феникс, Аризона.

Дизајнот на хотелот им беше доверен на Шели Марфи и Наполеон Смит III, продуцент на филмот „Ninja Turtle“ во 2014 година.Тој посочува дека проектот има намера да донесе носталгија и ретро стил за да одговара на современите трендови.

Водечките луѓе на Атари се убедени дека ќе има уште многу да се направи, што е поддржано и со извештајот за 2019 година, според кој гејмерите ширум светот потрошиле скоро 140 милијарди евра на игри.

"Атари е глобален бренд популарен кај луѓето од сите возрасти, без оглед на потеклото или културата. Со нетрпение очекуваме да ги видиме нашите фанови да уживаат во овој нов концепт на хотел со своите семејства", рече Фред Чеснас, извршен директор на компанијата.

притисни ентер