Како да ја претчувствувал трагедијата : Објавен договорот на Коби со сопругата

Договорот што наводно постоел меѓу трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса, сведочи дека спортистот бил свесен дека постои можност за трагедија.

Магазинот People објави дека две години пред несреќата во која загина кошаркарот, двајцата се согласиле никогаш да не летаат заедно со хеликоптер.

„Тој и Ванеса никогаш не сакаа да летаат заедно. Тоа беше договорот“, изјави извор близок на парот за „People“.

По смртта на Коби и нивната 13-годишна ќерка Џана, Ванеса остана да се грижи за другите три ќерки: Наталија (17), Бјанка (3) и малата Капри, која е родена во јуни минатата година.

Истиот извор им кажал на „People“ дека Брајант не летал со ниту еден пилот освен со Аром Зобајан, кој исто така почина во несреќата.

Во претходното интервју, Коби откри дека започнал да го користи хеликоптерот како превозно средство, додека сè уште играл за Лос Анџелес Лејкерс, за да може да помине помалку време во сообраќаен метеж и да има повеќе време за семејство.

,,Ќе се заглавев во сообраќај и ќе ги промашев училишните приредби. Морав да најдам начин да си дадам доволно време за да тренирам и да се фокусирам на тоа, но моето семејство да не страда. Затоа, се решив на хеликоптер за да можам да стигнам секаде за само 15 минути “, му рече тој на Алекс Родригез во 2015 година.

Merry Christmas 🙏🏾🎄🎁

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Од сите успеси што ги постигнал, Коби ги сметал своите деца за најголем.

"Најмногу сум горд што сум татко, тоа е моето најголемо достигнување. Научив многу, но мислам дека најважна е безусловната љубов што ја чувствуваш за своите деца. Честопати сум бил благословен со ова искуство и сега знам дека ништо на светот не е помоќно од тоа “, рече Коби во интервју што го даде минатиот ноември.

Бајден го обвини Трамп за новите ограничувања на правата за абортус во Флорида

 Американскиот претседател Џозеф Бајден го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

- Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.

- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“.

На почетокот на овој месец, Врховниот суд на Флорида одобри закон со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени.

Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден.

На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто.

Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде. /МИА

Голем антивладин протест во Буенос Аирес поради мерките за штедење

Стотици илјади Аргентинци вчера излегоа на улиците на Буенос Аирес на антивладин протест против кратењето на буџетот на државните универзитети, што е најголемиот протест досега против мерките за штедење на претседателот Хавиер Милеи.

Протестите се последниот пример за растечките тензии поради кратењата на владините трошоци кои помагаат да се сменат длабоките фискални дефицити, но предизвикуваат тешкотии во реалната економија.

Маршевите поддржани од Унијата во и надвор од главниот град носеа транспаренти на кои пишуваше „Брани ги државните универзитети“, „Студирањето е право“ и „Горе буџетот, долу планот на Милеи“.

Милеи, кој се справува со наследената економска криза по долгогодишното трошење на владата, спроведува буџетски кратења со „моторна пила“ што и помогна на државата да оствари тримесечен фискален суфицит на почетокот на годината. Но, кратењата извршија голем притисок врз јавниот сектор. Јавните универзитети во Аргентина како УБА, кои нудат бесплатно додипломско образование, во голема мера се потпираат на државно финансирање.

-Образованието е еден од основните столбови на нашата идеологија. Немаме желба да ги затвораме универзитетите, рече портпаролот на претседателот, Мануел Адорни, бранејќи ја позицијата на владата и повика на мирен протест. /МИА

Во Штип отворени 74 избирачки места

Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми, информираше претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Виктор Вацев.

Според избирачкиот список со право на глас се 41.489 граѓани, кои своето избирачко право можат да го остварат на избирчаките места.

МИА утрово беше на гласачкото место 22 92 во гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. Претседателката на Избирачкиот одбор, Васка Тасева вели дека гласачкото место навреме е отворено, а своето право на глас на ова избрачко место можат да го искористат 896 избирачи.

Изборниот процес почна вчера, кога во домашни услови гласаа 158 болни и изнемоштени. Се гласаше и во КПУ _ затвор _ Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 144 осуденици или 71 проценти.

притисни ентер