Александар Пандов и Алберт Муслиу во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ беа Александар Пандов и Алберт Муслиу.

Во вечерашното гостување на Само вистина, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу е на став дека ќе се донесе законот за ЈО, а јавната расправа ќе покаже кому што му смета. Тој потенцира дека ние како граѓани очекуваме законот за ЈО да го обезбеди правото и да нема неказнивост.
Александар Пандов е на став дека нема да се донесе законот за ЈО во предизборието, а за да се зафжи независноста на институцијата предложи Јавниот обвинител да се определува со непосресно гласање на избори.

Александар Пандов е на став дека доколку државата има институции еден пратеник не смее да помисли да конкурира за средства од Фондот за иновации.
Проблем кај нас е нефункционирањето на  инстуциите, да има законска и морална одговорност и тоа со закон да се утврди, а ако и тоа се прекрши да се одговара кривично, рече Алберт Муслиу.

Зошто на иницијативи за ветинг има резистентност од опозицијата, ајде ние да ги подржиме како граѓани, рече Алберт Муслиу.
Лидерот на опозицијата веќе побара ветингот да почне од него и тоа најверојатно и ќе се случи по изборите, посочи Александар Пандов.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер