Поради смртта на Коби Брајант влезниците за дербито во Л.А. од 84 ,стигнаа на 1 200 долари

Трагедијата што длабоко го потресе светот на спортот стана за некои можност за невиден профит. За тоа сведочи неверојатниот скок на цените на билетите за натпреварот помеѓу Лејкерс на Коби и градскиот ривал Клиперс.

Дербито на Л.А.  беше предвидено да се игра вечерва во Центарот Стејплс, два дена по смртта на Коби Брајант. Натпреварот, кој сам по себе е исклучително привлечен затоа што градското дерби кое го играа двете водечки екипи на Западната конференција, стана исклучително популарен по предвременото заминување на Коби.

Сепак, на барање на Лејкерс и со одобрение од Клиперси, НБА лигата го одложи натпреварот, што се случува  по петти пат во историјата. Овој натпревар исто така ќе беше познат по рекордните цени на влезниците.

Вчера, веб-страницата на ЛА Лејкерс Ticketsexchange објави дека најевтиниот билет, за место далеку под сводот на салата, од каде што теренот е скоро невозможно да се види и кој инаку чини 84 долари, достигна цена од 1200 американски долари. Веб-страницата објави дека за место на паркетот требало да се плати дури 28.050 долари.

притисни ентер