Џафери: Парламентите имаат клучна улога за градењето на консензус преку континуиран и инклузивен дијалог

Собранието на Република Македонија, рече Џафери, е целосно посветено на градење силен, функционален и независен Законодавен дом.

Несомнена е клучната улога на парламентите и зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и парламентарната демократија, на развојот на парламентарната култура заснована на градењето на консензус преку континуиран и инклузивен дијалог, бидејќи само така парламентите можат да бидат вистински и ефикасни двигатели на реформите, порача претседателот на Парламентот, Талат Џафери во обраќањето на Самитот на претседатели на парламенти од Западен Балкан организирана од Европскиот парламент.

Собранието на Република Македонија, рече Џафери, е целосно посветено на градење силен, функционален и независен Законодавен дом, претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт, што ќе може квалитетно и континуирано да ја извршува својата функција.

-Во тој контекст, можам да потврдам дека целите што ги поставивме заедно со претседателството уште на самиот почеток на новиот парламентарен состав, а тоа се независност од финансиски, административен и од аспект на обезбедувањето на законодавниот дом, полека се реализираат. Неодамна го донесовме Законот за Собрание со измени и дополнувања во делот на службата, а во тек е и процесот на отворање на Парламентарна буџетска канцеларија. Работиме посветено и за тоа од огромна важност се програмите за парламентарна поддршка и градење на капацитети кои се спроведуваат на локално и регионално ниво, како што е и Дијалогот Жан Моне, што е инструмент развиен од Европскиот парламент како алатка на меката моќ во областа на парламентарната медијација и дијалог и е комплементарен на севкупните приоди за поддршка на демократијата во ЕУ, рече во обраќањето претседателот на Собранието, Џафери.

Тој потсети дека досега се одржани два Дијалога, а на 31 јануари ќе се одржи третиот Дијалог Жан Моне, на кој ќе се продолжи со работа и постигнување консензус за Деловникот и посветеноста на сите страни на овој процес говори само по себе дека сите сакаме и придонесуваме за функционално Собрание, функционални институции и задоволни граѓани на европска држава со европски стандарди, услови и можности за живот на нашите граѓани и нашата младина.

Тој во обраќањето потсети и на, како што рече, разочарувачката одлука на Европскиот совет да не и даде датум за преговори на земјава и оти тогаш претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли истакнал дека една можност е изгубена, но оти ќе биде направено сè да се создаде нова можност.

Оваа иницијатива, додаде Џафери, е поставувањето на основата за токму таквата можност, а конкретно денес, за развојот на стратегијата за улогата на парламентите во напредувањето на реформската агенда за ЕУ и во испорачувањето на конкретните мерки кои ги исполнуваат европските аспирации на граѓаните од регионот.

-Верувам дека нема потреба да елаборирам за разочараноста на граѓаните на Република Македонија бидејќи, оправдано очекувавме признание за остварените реформи и за сериозните политички одлуки кои ги донесе земјата за исполнување на предусловите за позитивна одлука. Очигледна беше и јавно искажаната разочараност на најголемиот број на земјите членки на Европската Унија, убедени дека земјата е подготвена да го почне пристапниот процес. Нарекувајќи го чинот на недоделување на датум на Македонија и Албанија како стратешка грешка која има штетен ефект и на кредибилитетот на Европската унија ако се има предвид дека интегрирањето на земјите кои ги исполниле потребните предуслови и овозможува на ЕУ да ја задржи својата меѓународна улога и штитење на своите интереси, меѓутоа и на земјите кандидати бидејќи процесот на интегрирање всушност има ефект на трансформација на истите, се донесе Резолуцијата на Европскиот парламент за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија со јасно искажана поддршка, рече претседателот на Паралементот.

Џафери потсети и дека пред две недели, во прва официјална посета надвор од Европската унија, а во знак на почит кон нашата посветеност, во земјава беше и комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Вархели, кој ја објаснил новата методологија за процесот, што би ја претставил на крајот на месецот, со перспектива до март да се создадат можности за отворање на пристапните преговори пред Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020.

Посветеноста и сериозниот пристап на сите чинители кон ова прашање, додада Џафери, јасно ја потврдува заемната поддршка, потреба и јасна визија и цел, односно интегрирање на регионот на Западен Балкан во европското семејство за доброто на регионот и Европската унија. /МИА

Бизарна снимка има 92 милиони прегледи, на социјалните мрежи бараат казна за авторите (ВИДЕО)

Навикнати сме инфлуенсерите и креаторите на содржини да вршат разни акробации со цел да привлечат следбеници и да обезбедат што повеќе кликови.

Понекогаш, тоа значи ризикување на сопствениот живот.Сличен пример наоѓаме и на Инстаграм, каде корисникот Самит Дубеј објави бизарно видео кое ги подели мислењата на луѓето.

Гледаме млад човек, залепен со пластична фолија од надворешната страна на автомобилот, што можеби нема да биде проблем - доколку возилото не се движело по патот.

Навистина, автомобилот не оди брзо, но без разлика, тоа е ризичен потег.

Очигледно сѐ поминало без последици, а изгледа дека залепениот млад човек ужива во авантурата. Клипот е објавен на 12 април и брзо стана вирален, собра над 92 милиони прегледи и два милиони лајкови.

Коментарите биле исклучени по бројните критики за авторот, пренесува NDTV.

Во меѓувреме, видеото е споделено и на други мрежи, каде многу луѓе изразија загриженост за ваквото однесување. Имало и такви кои побарале полицијата да преземе мерки против актерот.

„Ниту еден сериозен и чувствителен човек нема да го направи ова. Не се шегувајте со животот, сѐ може да се случи, некој може дури и да те удри“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Најглупаво нешто што сум го видел во животот“.

Третиот истакнал: „Животот е бесценет, некој е зафатен со глупави шеги, си игра со животот, а каде е законот да го стават зад решетки“.

Воз во пламен помиона низ мало гратче во Канада, пожарникарите едвај го изгаснаа (ВИДЕО)

Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот поминал низ центарот на канадскиот град Лондон!

На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека минувал запалениот воз, но за среќа никој не бил повреден, објави Дејли Меил.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот.

На противпожарните екипи им биле потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.

- Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу сигурни - соопштиле од противпожарната служба.

Шпанија основа фонд за 440.000 жртви на сексуално злоставување од католички свештеници

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници.

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, блиски до нив и наставници, најави министерот за правда.

Ваква оценка даде извештајот на шпанскиот омбудсман во октомври по анкета на 8.000 луѓе.

Тогаш беше препорачано формирање на државен фонд, а Црквата беше обвинета дека не соработувала и се обидувала „да ја намали оваа појава колку што е можно повеќе“.

Министерот за правда Феликс Боланос им рече на новинарите дека Црквата, која беше исклучително влијателна во шпанското општество и политика до и по крајот на десничарската диктатура во 1970-тите, со децении не ги исполнила барањата за компензација и дека нејзините реакции на извештајот варирал во зависност од епархијата.

„Сакаме да дејствуваме за да спречиме, да го поправиме и да се обидеме да го вратиме долгот што нашето општество им го должи на жртвите“, рече Боланос.

Владиниот план, кој треба да се спроведе до 2027 година, предвидува сè уште недефинирана формула со која Црквата ќе бара „да го плати целиот надомест или нејзиниот поголем дел, како и гаранција за другите елементи од симболичната компензација“. Боланос рече дека неговото министерство ќе преговара со епископите за придонесот што црквата е подготвена да го плати во фондот и дека има впечаток дека свештенството е подготвено за соработка.

Но, во исто време, шпанската бискупска конференција објави дека не може да прифати план со кој се исклучуваат жртвите на сексуална злоупотреба во други организации бидејќи „претставува осуда на целата Црква и покрива само дел од проблемот“. Во ноември црквата за прв пат објави дека има намера да ги обештети жртвите и во случаи кои не се целосно решени бидејќи во меѓувреме починал свештеник, кој извршил злосторство.

Боланос рече дека независно експертско тело ќе ги проучува случаите во кои насилникот умрел, оние за кои истекол рокот на застареност или оние кои никогаш не стигнале до суд.

притисни ентер