Тркалезна маса: Ревидирањето на методологијата се одвива во позитивна насока и дава оптимизам за отворање преговори

Претседателот Пендаровски, во своето обраќање изрази благодарност до земјите-членки на ЕУ.

По разочарувањето од октомврискиот самит на кој Македонија и Албанија не добија датум за почеток на преговори со ЕУ, работите околу ревидирањето на методологијата на пристапни преговори се одвиваат во позитивна насока и создаваат оптимизам дека двете земји ќе ги отпочнат преговорат фер, слободни и демократски избори.

Ова беше истакнато на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ – предизвици и перспективи" организирана од Советот на амбасадорите во соработка со кабинето на претседателот на државата Стево Пендаровски, на која говорници беа амбасадори на земји членки на ЕУ, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, наши поранешни амбасадори и претставници на СЕП.

Претседателот Пендаровски, во своето обраќање изрази благодарност до земјите-членки на ЕУ што проширувањето остана на агендата на Унијата и изрази очекување дека Македонија ќе ги почне пристапните преговори за време на хрватското претседателство и дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена на состанокот на Европскиот совет во март 2020 година. Според него, ефектите од одлуката за почеток на преговорите ќе имаат позитивно влијание врз политичките процеси, реформската агенда, резултатите кои треба да се испорачаат, како и генерално, врз оптимизмот во општеството. Оттука, порача претседателот, важно за нашата држава е кога таа одлука ќе биде донесена.

Во однос на членството во НАТО, шефот на државата изрази очекување дека процедурата во Шпанија за ратификација на протоколот за членство во НАТО ќе заврши до почетокот на изборите во нашата држава.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео ја реафирмираше италијанската поддршка за процесот на проширување, нагласи дека ЕУ треба да биде подготвена за процесот на проширување, но и дека процесот на ребрендирање или реформа на ЕУ терба да се одвива паралелно со процесот на преговори.

-Конструктивно сме ангажирани во дебатата за политиката на проширување да го направиме постоечкиот процес поефикасен. Италија даде сет од предлози за да придонесе за дебата за проширување. Со нашиот нон пејпер сакаме да дадеме идеи како да го зајакнеме процесот… Италија смета дека реформата на ЕУ не треба да се трансформира во нов услов за отпочнување на преговори со Македонија и Албанија. Реформата на методологијата ќе биде петставена на почетокот од февруари, рече амбасадорот Ромео.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние истакна дека членството во НАТО, рече е веќе завршена работа, бидејќи знамето на земјава е веќе поставено пред седиштето на Алијансата, што ќе биде знак за стабилизирање на регионот. Во однос на ЕУ, нагласи, сите ги очекуваат плодовите од ЕК, а сите показатели одат во насока дека подготовките се добро почнати што ги прави оптимисти. Ја повтори француската позиција дека ревизизија на методологијата нема за цел да ја спречи земјата да влезе во ЕУ, и оти судбината на оваа земја е европска. Предлозите дадени од Париз за новата методологија, рече се директно поврзани со наслението во и ЕУ кое, во голем дел се изјаснило заморено од процесот, особено во Франција, но и кај луѓето од нашиот регион кои, вели, забележале дека целта е се подалечна.

-Нашиот впечаток е дека сериозна работа е веќе направена врз база на нашите предлози, но и на другите предлози. Од наша страна постои другото прашање, а тоа е за реформата на функционирањето на ЕУ затоа што ќе нема смисла да ве прифатиме во друштво во кое ќе нема ред. Од таа гледна точка ќе кажам дека процесите можат да се водат паралелено затоа што патот кој е пред вас не е краток, но сепак тоа е и пат на наши внатрешни реформи во Унијата, кој исто така не е краток, но ќе се обединат најверојатно и мислам дека ќе треба да работиме во оваа насока. Мислам дека во овој момент ние го правиме она кое пребрзо беше оквалификувано како историска грешка, туку ќе кажам историска можност можеби за да тргнеме од добра основа во таа европска изградбна која отсекогаш добро функционирала дури и во сукцесивни кризи, Искрено се надевам дека во наредните месеци ќе ги видиме и конкретните плодови од тоа, да не лиферуваме со конкретни датуми, но моите надежи се дека датумот е се поблиску, рече Тимоние.

Амбасадорот на Германија Томас Герберих истакна дека за Берлин отворањето на пристапните преговори со Македонија е прашање на безбедноста и стабилноста на Европа и земјите од регионот треба да станат дел од ЕУ. За таа цел, рече, треба да се реафирмираат ветувањето за европерспективите на овие држави.

-Ова е најдобар пат да промовирање реформи и развој на правната држава. Германија се залага пропцесот да биде потранспарентен, но сме убедени дека на Македонија треба да и понудиме јасна европска перспектива. Германија ќе продолжи да ја поддржува РМ на патотот кон ЕУ, како што секогаш сме парвеле. Сметаме на тоа земјата да ги интензивира реформите, а тоа ќе ги убеди сите кои имаат сомнежи во оваа насока, рече Герберих и ја повтори изјавата на канцеларката Меркел дадена по средбата вчера со албанскиот премиер Рама во Берлин дека се за одлука за отпочнување на преговорите со двете земји на состанокот на Европскиот совет во март.

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз истакна дека САД се стратешки партнер и поддржувач на НАТО интеграцијата на Македонија и сакаат таа визија да се оствари. Очекуваат процесот на ратификација на протоколот за члнество да оди напоред и оти прашање на време е кога земјата ќе стане членка на Алијансата. Во однос на членството во ЕУ таа укажа на реформите на кои земјата мора да се фокусира, а тоа се во делот на владеење на правото, потоа фер и кредибилни избори и одржување на добрососеските односи.

-Ова се столбови на кои сите треба да се сосредоточат. Во овој ктиричен момент Македонија треба да работи посилно на борбата против корупцијата и правната држава или владеењето на правото. Обвинителството треба да биде ефикасно, граѓаните чекаат и заслужуваат тие што ги злоупотребиле државните пари да одговараат пред лицето на правдата. Земјата и младината заслужуваат да имаат иднина без несигурноста од минатото, да имаат шански и можности за економски развој, рече Брнз.

На отворањето на дебатата кое беше затворено за јавноста, покрај Пендаровски се обратија и евроамбасадорот Жбогар и шефот на НАТО канцеларијата за врски амбасадорот Зоран Јанковиќ./МИА

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер