Неделковски: Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт

​Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт. 

Дарко Каевски и нововработените негови другарчињата не познаваат ниту еден законски пропис, особено при реализацијата на капитални инвестици, па три години не видовме ама баш ништо. Со тоа, Претседателот на СДММ седнува на пиедесталот на неспособни кадри на СДСМ кои својата функција ќе ја напуштат без ниту еден реализиран проект.

Но, да почнеме со ред.

Кога го презеде кормилото на Агенцијата за млади и спорт во Јуни /2017, Каевски затекнал доспеани времени ситуции за претходно започнати проекти. И покрај тоа што во Буџетот за 2017 година биле предвидени средства за нивно плаќање, Директорот и неговите наредбодаватели одлучуваат да не ги платат во тековната година, туку истото го прават во текот на 2018-та година. Дали ова укажува дека само купувале време за да се пазарат и да ги рекетираат оние на кои Агенцијата им должи за веќе изградени објекти?

Приказната за базенот во Охрид стана историска. Па како и не би станала кога на власт го имаме СДСМ и најнеспособниот директор во историјата на Агенцијата-Каевски. Се изнагледавме тепачки на градилиштетото кај Билјанини извори, но не видовме ниту еден потег на Каевски со кој ќе ја подобри динамиката на изградба и ќе го стави во употреба базенот до крај на 2019-та, како што впрочем и одговорил на пратеничко прашање во Собранието. Каевски сега мора да одговори дали потпишал Анекс за продолжување на рокот за изградба на базенот, наместо раскинување на договорот за изведба и наплата на пенали? Дали рокот за изградба е третпат продолжен и колку тоа ја чини државата?

Крај на незаконието во агенцијата е последниот тендер за изградба на затворени пливачки базени. Каевски првично вети изградба на 29 базени кои ќе чинеле по 50.000 евра еден. Каевски, кој што семејно е во градежниот сектор би требало да знае колку чини еден таков проект.

До сега три пати е објавен оглас за градба на базени. Тендерите во март за 14 базени и октомври за 6 базени пропаднаа, а на последниот од 01.11.2019 година, најниската понуда била за неколку десетици проценти повисока од проценетата вредност наведена во тендерската документација.

Понудата се коси со одредбите од законот за јавни набавки и законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Останува отворено прашање како Каевски и СДСМ ќе реагираат на мислењето кое треба да го издаде управната контрола од Бирото за јавни набавки, која постапува по службена должност за секоја постапка за набавка на над 2.000.000 евра, согласно член 172 став (3) од ЗЈН?

Јасно е дека или тендерот ќе биде поништен по трет пат и Каевски уште еднаш ќе ја покаже својата неспособност, или ќе добиеме екстремно скапи базени кои ќе треба да ги плаќаат граѓаните.

Дека сето ова е вистина потврдува и фактот, дека нивото на реализација на капиталните инвестиции во спортот за 2019 со се кратењето во ребалансот е околу 53%. Во минатите 3 години кумулативно пропаднаа околу 4 милиони евра, средства кои неспособната гарнитура во агенцијата требаше да ги вложи во спортската инфраструктура, како што се и базенот и во Струга, Домот на спортови, предвидените сали за боречки вештини.

За сето горенаведено, бараме да се поведе истрага и органите на прогонот да отворат постапки за овој и сите претходно обајвени скандали поврзани со злопотреба на службената положба на Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

СДСМ и Заев се виновни за поразите измамите и криминалот за што на 12-ти април следи одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе!

Влатко Неделковски, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уште два смртни случаи во Јапонија по земање додатоци во исхраната

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната.

Уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната направени од црвен квасец, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, пренесува Кјодо.

Производител на лекови од Осака вчера соопшти дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно земало додатоци „бени-коџи“ околу три години.

Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала по отворена истрага во компанијата.

Министерството се сомнева дека производите содржат токсична супстанција, но компанијата засега не може да ја утврди конкретната причина.

„Кобајаши“ минатиот петок рече дека добил извештаи за болести поврзани со неговите производи и дека повлекол од пазарот пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од неговите додатоци „бени-коџи“.

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија, достоинствено исправена пред светот“

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси .

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси на меѓународната политичка арена, под наслов „МАКЕДОНИЈА, ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАВЕНА ПРЕД СВЕТОТ“.

Професор д-р Гордана Силјановска Давкова ја критикуваше нефункционалноста на постоечката дипломатија поради дискомуникација меѓу претседателот, министерот за надворешни работи и Собранието. Таа укажа дека мора да се врати фокусот на мултилатералната дипломатија и борбата за национални интереси преку меѓународните организации и институции со почитување на европското право и сите релевантни документи во врска со малцински и човекови права. Исто така, таа навести користење на институтот реципроцитет во иднина, како базичен национален приоритет во односите со други држави.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова како нужно укажа на неопходноста на враќање на функционалноста на македонската дипломатија, пред се преку зацврстување на системот за вреднување на работата на дипломатите, нивното кариерно унапредување и упатување на служба во странство според заслуги и искажани способности и дипломатски вештини

Поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов врз основа на своето искуство ја потенцираше важноста од повторно воспоставување на нарушениот баланс помеѓу законодавната, извршната и судската власт. Извршната власт ги има киднапирано ингеренциите на Собранието, претседателот и правосудството сведувајќи ги на улога на своевиден сервис на Владата. Тоа резултира со редица нестручни, погрешни и неквалитетни одлуки, кои многу ја чинат државата. Враќањето на балансот на ингеренциите помеѓу нив ќе биде клучен елемент за координирано настапување на државните чинители и успех на домашен и на надворешен план.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на актуелните слабости во Министерството за надворешни работи кои со геометриска прогресија се зголемуваат последните седум години. Покрај бројните прекршувања на законот од страна на министерот Османи, тој ги потенцираше прекршувањата на процедурите за упатување на амбасадори во странство, масовното партиско впумпување кадри и отстранувањето на најспособните дипломатски кадри од тековните процеси, нарекувајќи го Кабинетот на Османи „чајна кујна“ со само неколку луѓе, каде што одлуките се носат независно од структурата на МНР. Тој најави ревизија, односно враќање на незаконски испратените амбасадори од странство.

Трибината предизвика интерес во стручната јавност и присуство на голем број сегашни и поранешни дипломати и пратеници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Путин: Ловците Ф-16 ќе бидат легитимна цел за Русија, како и аеродромите од кои полетуваат

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“.

Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништува нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи“.

Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.

притисни ентер