Директорот на СЗО допатува во Кина заради ширењето на коронавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус допатува во Пекинг за со кинеските власти да разговара за коронавирусот.

Минатата недела СЗО не прогласи глобална вонредна здравствена состојба и констатираше дека Кина презела одговарачки силни мерки вклучувајќи ставање во карантин повеќе градови и подрачја со околу 50 милиони луѓе, како би се спречило ширењето на вирусот.

Директорот на СЗО изјавил дека нема да се двоуми околу свикувањето на комитетот за итни случаеви на СЗО доколку процени дека ситуацијата во Кина се влошува.

Во Кина, за сега, од коронавирусот умреле 81 лице а 2.750 се заразени.

притисни ентер