Поради шпионажа уапсен и протеран јапонски новинар во Москва

Руското Министерство за надворешни работи протера од земјата јапонски државјанин заради обид да набави тајни информации поврзани за руските воени способности.

Јапонскиот новинар, чие име не е објавено, имал 72 часа да ја напушти Русија,  а тој тоа веќе го направил, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на руски медиуми.

Руското Министерство повикало претставник на јапонската во Москва за да му врачат официјален дипломатски протест поради инцидентот.

притисни ентер