Најубавата шоу бизнис двојка ја обнови романсата!!!

Светската музичка ѕвезда Џеси Џеј и актерот Ченинг Тејтум ќе се обидат уште еднаш да и дадат шанса на љубовта, иако се разделија пред неколку седмици.

Извор близок на шоу бизнис парот вели дека 31 годишната Џеси и 8 години повозрасниот Ченинг се повторно во врска.

-Се разделија на  неколку недели, но сфатија дека не можат еден без друг. Многу се среќни што повторно заедно го минуваат времето. Го сакаат заедничкиот живот. Ченинг ги сака нејзините настапи и сака да патува со неа, изјавил изворот.  

Шпекулациите дека двојката е повторно заедно започнаа откако Џеси и Ченинг се видени заедно во шопинг.

Популарниот актер и музичката ѕвезда својата врска ја започнаа во октомври во 2018 година.

притисни ентер