Видео: Леброн тагува и плаче поради загубата на својот идол, за смртта на Коби дознал во авион

Леброн Џејмс со качулка на глава сам шета по писта и плаче, за загинувањето на својот идол Коби Брајант дознал во авион.

Били многу блиски, иако биле големи ривали на теренот.

Новиот предводник на ЛА Лејкерс не може да дојде на себе поради трагичното загинување на легендарниот Коби Брајант и на неговата 13- годишна ќерка. Тие загинаа  заедно со уште седум лица во хеликоптерска несреќа во близина на градот Калабасас во Калифорнија

Загинувањето на еден од најдобрите кошаркари во историјата ја „скрши“ целата планета, посебно оние кои беа блиски со него и лично го познаваа. Еден од нив е неговиот наследник на теренот Леброн Џејмс.

Веста за загинувањето на легендарниот Брајант, Леброн ја слушнал во авионот при враќањето со тимот на Лејкерси од Филаделфија.

Леброн бил скршен поради тоа, што покажува и видео од аеродромот, на кое може да се види како Џејмс со капа на главата шета тажен и ги брише солзите, како да се обидува да сфати што се случило?!

притисни ентер