Мајкл Џордан: Коби ми беше како помал брат, ќе ми недостасуваат нашите разговори!!

Најголемиот кошаркар во историјата на НБА, легендарниот Мајкл Џордан се огласи по трагичната смрт на Коби Брајант, неговите зборови зборуваат за нивниот однос.

Џордан издаде соопштение за трагичната смрт на Коби Брајант човекот кој го наследи на врвот на НБА лигата.  преку својата менаџерка за односи со јавноста.

-Шокиран сум од трагичната вест за смртта на Коби и Џијана. Зборовите не можат да ја опишат болката која ја чувствувам. Го сакав Коби. Ми беше помал брат. Често зборувавме и ти разговори сигурно ќе ми недостасуваат. Беше голем борец, еден од најголемите во оваа игра и вистинска креативна сила. Брајант исто така беше фантастичен татко кој многу си го сакаше семејството. Беше многу горд поради љубовта на неговите ќерки кон кошарата. Сопругата Ивет ми се приклучува во упатувањето на сочувство до жената на Коби, Венеса, целата организација на Лејкерси и фановите низ целиот свет, се наведува во соопштението од Мајкл Џордан.

притисни ентер