Тојота целосно се префрли на употреба на обновлива електрична енергија

Toyota Motor Europe (TME) објави дека остварила 100% потрошувачка на обновлива електрична енергија во целата своја деловна активност во Европа минатата година.

Нејзиното присуство во Европа не е мало. Европското работење на Toyota вклучува 9 производствени погони, 14 центри за дистрибуција на резервни делови, 7 логистички центри за возила, 29 национални компании за маркетинг и продажба (NMSC), седиштето на ТМЕ и нивните подружници и Техничкиот центар на Тојота. Кога сите ќе се соберат, нивната потрошувачка на електрична енергија бизнесувала дури 500 GWh минатата година.

Најголем дел од заслугите се за зајакнување на производството на обновлива електрична енергија во објектите на Тојота во соработка со локалните засегнати страни (соларни панели на TPCE и TMUK, соларен ѕид на TMMF, ветерници во Зејбриг, соларни панели во Toyota Logistics Center во Мадрид…)

Севкупно, од 2013 година (референтната година за „предизвикот“ на „Тојота“ до 2050), потрошувачката на енергија по произведен автомобил е намалена за 18%. Споредено со просекот на ЕУ / 28 индустријата од 2,3 MWh енергија по произведено возило, на Toyota и е потребна 48% помалку енергија за произведено возило.

„Префрлувањето на 100% обновлива електрична енергија за целите на нашиот целосен бизнис во Европа е значаен чекор кон нашиот предизвик за животната средина до 2050 година“, изјави Др. Јохан ван Зил, претседател и извршен директор на Toyota Motor Europe. "Да се ​​има одржлив бизнис во Европа е многу важно ако сакаме граѓаните и потрошувачите да продолжат да ја поддржуваат Toyota. Благодарение на успехот на пазарот на нашите хибридни и електрични возила, ние сме на добар пат да ги исполниме нашите европски цели за емисија на СО2 за нови возила - но кога станува збор за околината, ние усвоивме 360 ° пристап и не сакаме да застанеме само на емисиите од возилата “.

Предизвикот на Тојота за животна средина 2050 беше лансиран во 2015 година. Тој содржи 6 предизвици и е камен-темелник на долгорочната стратегија на Тојота која ги опфаќа најголемите влијанија врз животната средина.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда

Превентивно евакуирани населба, болница и училиште.

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа. /МИА

ОН бара Велика Британија да го преиспита Законот за Руанда

Двајца високи функционери на Обединети нации денеска ја повикаа Велика Британија да го преиспита планот за префрлање на барателите на азил во Руанда, предупредувајќи дека потегот ќе има штетно влијание врз човековите права и заштитата на бегалцитe.

Во заедничката изјава на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, Филипо Гранди и Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Волкер Турк ја повикаа Велика Британија наместо тоа да преземе практични мерки за справување со нерегуларните текови на мигранти и бегалци.

Новиот закон означува уште еден чекор подалеку од долгата традиција на Велика Британија за обезбедување засолниште за оние на кои им е потребна, што исто така ја прекршува Конвенцијата за бегалци, посочи Гранди.

Тирк, кој претходно го критикуваше планот, наведе дека законот „сериозно го поткопува владеењето на правото во Велика Британија поставува опасен преседан на глобално ниво“.

Запирањето на протокот на мигранти е приоритет за британската Влада, но според критичарите планот за депортирање на луѓе во Руанда наместо да се работи со баратели на азил во Велика Британија е нехуман.

Според политиката формулирана пред две години и договорена со Руанда, секој барател на азил, кој илегално ќе пристигне во Велика Британија ќе биде испратен во Руанда. Тоа ќе важи и за оние кои поднеле барање за азил во Велика Британија и никогаш досега не стапнале на африканскиот континент.

Десетици илјади мигранти, од кои многумина бегаат од војните и сиромаштијата во Африка, Блискиот Исток и Азија, изминатите години стигнаа до Велика Британија поминувајќи го Ла Манш со мали чамци, а организирани од бандите шверцери на луѓе.

Горниот дом на Парламентот вчера го усвои Законот за Руанда со кој се овозможува испраќање на илегалните мигранти во Руанда, каде ќе се обработуваат нивните барања за азил во Велика Британија.

Британскиот премиер Риши Сунак, по усвојувањето на Законот за Руанда, посочи дека „ништо нема да ни застане на патот“ и оти авионите за африканската земја ќе полетаат за 10 до 12 недели.

- Донесувањето на оваа значајна легислатива не е само чекор напред, туку суштинска промена во глобалната равенка за миграцијата. Го воведовме предлог-законот за Руанда за да ги одвратиме ранливите мигранти од опасни премини и да го скршиме бизнис моделот на криминалните банди кои ги експлоатираат. Донесувањето на оваа легислатива ќе ни овозможи да го направиме тоа и многу јасно ќе ни даде до знаење дека ако нелегално дојдете овде, нема да можете да останете, посочи Сунак.

Откако Законот за Руанда ќе добие кралска согласност, што се очекува во наредните денови, ќе започне процесот на ратификација на договорот подготвен со Руанда. /МИА

Британскиот парламент усвои закон за враќање баратели на азил во Руанда

Сунак објави дека владата резервирала комерцијални чартер авиони и обучила персонал да испраќа мигранти во Руанда.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера во денот кога Горниот дом на парламентот го усвои потребниот закон вети дека во рок од 10 до 12 недели ќе започне да испраќа во Руанда баратели на азил за да ги процесуираат нивните барања, што беше одложено со месеци поради парламентарните обиди за промена на планот.

Сунак објави дека владата резервирала комерцијални чартер авиони и обучила персонал да испраќа мигранти во Руанда, политика за која се надева дека ќе ја зајакне неговата Конзервативна партија пред изборите подоцна оваа година.

Домот на лордовите долго време одбиваше да го поддржи нацрт-законот, што нема дополнителни заштитни мерки и беше раздор, но на крајот попушти откако Сунак рече дека владата ќе го принуди парламентот да заседава онолку долго колку што е потребно за да го усвои.

Десетици илјади мигранти, од кои многумина бегаат од војните и сиромаштијата во Африка, Блискиот Исток и Азија, стигнаа до Велика Британија во изминативе години поминувајќи го Ламанш со мали чамци на ризични патувања организирани од банди шверцери на луѓе.

Запирањето на протокот на мигранти е приоритет за владата, но критичарите велат дека планот да се депортираат луѓе во Руанда наместо да се работи со барателите на азил во Британија е нехуман. Тие ја наведуваат загриженоста за состојбата со човековите права во источноафриканската земја и ризикот барателите на азил да бидат вратени назад во земјите каде што се соочуваат со опасност.

И по успешното надминување на парламентарните пречки, Сунак се уште може да се соочи со правни предизвици за законот. /МИА

притисни ентер