Досега, 56 лица починале од коронавирусот. Само во Кина, потврдени се околу 2000 луѓе, а повеќе од 40 случаи се потврдени во други земји. Скоро 60 милиони луѓе во Кина се целосно или делумно изолирани.
Националната комесарка за здравство, Ма Ксиоу, на прес-конференција рече дека знаењето за вирусот е ограничено.
Според неа, инкубацијата се движи од еден до 14 дена, а со вирусот може да се заразат други во овој период, што не било случај со САРС, што исто така потекнува од Кина ,каде убил скоро 800 луѓе ширум светот во 2002 година и 2003 година.
Ќе бидат засилени напорите да се спречи експанзијата што досега вклучуваше ограничување на патничкиот сообраќај и откажување на масовни настани, рече Ма.
Лекарите се сомневаат дека првиот случај на инфекција со коронавирус се појави и во Виена. Станува збор за стјуардеса која е во Виена од 24 јануари, а пред тоа била во градот Вухан.
Таа во моментов е во изолација во болницата во Виена.Таа е кинески државјанин која бил примена во болницата со симптоми на грип.
Тестовите ќе бидат завршени за 48 часа за да се утврди дали таа е заболена од коронавирус, јавуваат австриските медиуми.