BMW подготвува триумфално враќање на серијата 6

Според најновите информации, BMW планира да ги вознемири производителите на суперспортски автомобили со новата серија 6.

Како што е добро познато, серијата 6 денес постои исклучиво како GT, додека купето исчезна уште во 2017 година. Минатата година беше некако заменета со Серијата 8, која отвори простор за нов спортист. И, исто како што и Toyota Z4 има што да му одговори на автомобил од калибар „Porsche 718“, Autocar вели дека новата 6 серија би можела да оди против најпопуларната, Porsche 911.

Ваквите гласини шират од 2016 година и сега се обновени од страна на британско списанието во разговори со шефот на дизајн на BMW. Адријан ван Хојдонк одговори на овој предлог: "Тоа е убава идеја. Можеби можеме да поработиме на тоа!" Значи, постои интерес за ваков автомобил, а прашањето е дали врвните компании сметаат дека таков автомобил има оправданост на пазарот.

Судејќи според искуството на Мерцедес со АМГ, дефинитивно го има. На крајот на краиштата, името на серијата 6 носи голема тежина и би било грев да исчезне.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер