Почна да работи најголемиот телескоп , голем колку 30 фудбалски игралишта (ВИДЕО)

Кинезите веќе долго време се борат за да го освојат вселенскиот простор, а овој најнов изум им носи информации од далечни делови на универзумот.

Објектот во кој е сместен огромниот сферичен радиотелескоп се наоѓа во длабок слив на југозападниот дел на кинеската провинција Гуажоу. Со овој уред, астрономите , не само од Кина , ќе ги проучуваат далечните делови на космосот, ќе ја истражуваат неговата еволуција и потенцијалниот живот надвор од  Земјата.

Првите пробни операции биле извршени во септември 2016 година, а употребата на новиот уред ќе биде достапна за научниците од целиот свет, пренесува кинеската агенција Ксинхуа.

Телескопот се состои од кружен сад со дијаметар од 500 метри. Зафаќа површина близу до површината на 30 фудбалски игралишта. Според кинеските астрономи, ФАСТ е 2,5 пати почувствителен од поранешниот рекордер сместен во опсерваторијата Аречибо, во Порторико. Кинескиот телескоп обработува до 38 гигабајти информации во секунда.

„Аречибо и ФАСТ се единствените радио телескопи со ваква големина во светот. Тие се монтирани во длабоки, вертикално ориентирани долини“, вели портпаролот на американското астрономско друштво Рик Фиенберг.

ФАСТ телескопот го носи прекарот Тјанјан, што на кинески значи небесно око. Ли Кеџа од Институтот за астрономија и астрофизика во Пекинг вели дека телескопот нуди невидени можности за истражување на космичките феномени.

Еден од феномените што FAST 500 ќе ги проучи се пулсарите - густи sвезди со дијаметар до 10 километри со многу силно магнетно поле. Тие ротираат неколку стотици пати во секунда и испуштаат интензивни радиоактивни зраци.

За време на двегодишниот пробен период, ФАСТ 500 веќе регистрираше 102 нови пулсари. Телескопот ќе забележува и сигнали за потенцијални вонземски активност, пишува Newsweek.

Изградбата на телескопот FAST 500 е завршена во 2016 година, две децении откако научниците го предложија дизајнот уредот. Проектот чинел околу 174 милиони долари.

Канадска кондуктерка добила отказ поради провокативна фотографија , сега ќе и плата отштета (ФОТО)

Кондуктерка од Канада, која била отпуштена од работа за објавување секси фотографии на социјалните мрежи, ќе добие надомест од нејзиниот поранешен работодавец по судската постапка.

30-годишната Стефани Кателникоф, која објавува на Фејсбук под псевдонимот Мис Деменор, беше отпуштена од канадската железница во 2017 година. Младата жена од Калгари била под истрага од страна на компанијата за провокативните фотографии , под обвинение дека имало разочарувачки коментари за компанијата.

По успешната жалба на нејзиниот синдикат, Кателникоф ќе добие обештетување, но не и нејзината работа. Адвокатот што ја претставува, Ричард Хорнунг изјави дека требало да добие само кратко суспендирање поради нејзиното однесување, пренесува Унилад.

Хорнунг открил и дека една поплака што ја добиле е испратена од лажна сметка направена од вработен во компанијата. Но, адвокатот исто така призна дека некои од фотографиите можеби биле несоодветни.

"Поминаа долги, тешки две години откако ми беше одземена работа од соништата на железничката пруга. Две години прашања за доверба, борби и неизвесност. Две години се бориме за она што го нарекувам правда. Па, луѓе, мило ми е што можам да кажам дека го добив случајот “, напиша таа на Фејсбук.

„Канадската Пацифичка железница неправедно ме отпушти, по втор пат. Првиот пат откако поднесов суштински извештај за сексуален напад против маж кој се закани дека ќе провали во мојата куќа. Овој пат? Тие ги донесоа моите провокативни фотографии“, додаде таа. .

Научниците изненадени : На Јупитер има повеќе вода од претпоставките

Се чини дека на Јупитер има повеќе вода отколку што се очекуваше.

Ново објавените податоци од сондата Juno на НАСА покажуваат дека водата може да сочинува околу 0,25% од молекулите во атмосферата над екваторот на Јупитер. Иако тоа не звучи како многу, пресметката се заснова на распространетоста на компонентите на вода, водород и кислород, три пати повеќе отколку на Сонцето. Новите мерења што ги доби Juno се многу повисоки вредности отколку што беше предложената претходна мисија.

Изненадувачкиот резултат ги натера научниците повторно да навлезат длабоко во резултатите од мисијата на НАСА, Галилео на Јупитер, кои добија послаби резултати во 1995 година кога инженерите намерно го лансираа леталото во атмосферата на Јупитер.

Усогласувањето на резултатите на Галилео и Јуно е клучно за научниците подобро да разберат како се формирал нашиот сончев систем, се вели во соопштението на НАСА. Бидејќи Јупитер веројатно бил првата планета што се формирала, можела да го извлече најголемиот дел од гасот и прашината што ги оставило Сонцето. Количеството на вода на Јупитер, треба да им помогне на научниците да ги идентификуваат најверодостојните теории за да го објаснат неговото формирање.

Пежо го претстави Landtrek , нема да се продава во Европа (ВИДЕО)

Peugeot објави дека ќе започне со продажба на пикап автомобилот наречен Landtrek.

Автомобилот е развиен во соработка со кинескиот производител на автомобили Changan Automobile.

Предвидено е да започне со продажбата подоцна оваа година, започнувајќи со пазарите во Јужна и Централна Америка, како и во субсахарска Африка.

Landtrek ќе биде достапен со дизел и бензински мотор и неколку облици на каросерија, вклучувајќи модели со двојни врати, четири врати и шасии, и може да се прилагоди за различни намени.

Landtrek нуди опција за погон на задните тркала, но можно е да се најде и модел на погон на сите четири тркала. Сепак, засега Peugeot нема да го продава овој пикап на европскиот пазар.

Една од причините, покрај послабата побарувачка во моментот, е што дизел моторот D20TCID го исполнува само стандардот Еуро 4 , а бензинскиот мотор 4K22D4T само го исполнува стандардот за емисија Еуро 5.

притисни ентер