Чудовиштето на Форд изгледа неверојатно на тркачка патека (ВИДЕО)

Звукот на вонсерискиот автомобил ќе го воодушеви секој љубител на брзините.

Ford GT е одличен тркачки автомобил, но дизајнерите ги преминаа своите граници.

Автомобилот беше промовиран минатата година на фестивалот на брзината во Гудвуд. Тоа е тркачки болид чие производство е ограничено на само 45 примероци. Секој од нив вреди 1,2 милиони долари. Поради својата ограничена серија и високата цена, тој е вистинска реткост на патеките низ целиот свет.

Пред неколку дена се појави фотографија од чудовиштето, чиј сопственик е потпретседателот на Google и обожавател на брзите автомобили ,Бенџамин Трејнор Слос. Првиот модел GT Mk II конечно беше виден на патека.

It begins 👍

A post shared by Ben (@yonly65) on

Милијардерот сподели на својот профил на Инстаграм серија видеа снимени на патеката во Калифорнија. Првото видео го прикажува тргнувањето на Ford GT Mk II, додека второто сведочи за неговите перформанси на патеката под полна брзина.

Секој вистински љубител на тркачки автомобили ужива да го слушне звукот на моторот на овој неверојатен болид.

"Знаев дека ќе звучи добро, но не очекував дека ќе биде толку добро. Чиста музика на моторот", напиша Слос на Инстаграм.

Хармонијата е создадена од 3,5 литарскиот мотор EcoBoost кој е засилен на 700 коњски сили. Регулативите за трки имаат ограничена моќност на моторот. Во споредба со претходната, втората генерација на Ford GT е полесен за околу 130 килограми, а аеродинамиката е подобрена за дури 400 проценти. Овие податоци укажуваат дека станува збор на Форд, пренесува Carbuzz.

На фотографиите се гледа дека моделот е направен во небесно сина боја со портокалова лента што оди над покривот и аспираторот. Секој примерок е единствен, а моделот во гаражата на милијардерот го носи бројот 15.

МВР: 173 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопшти МВР.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

притисни ентер