Прва жртва на Косово од сезонскиот грип

Жена почина во болницата во Приштина од последици на сезонскиот грип.

Педесетгодишна жена почина на Клиниката за инфективни болести при Клиничкиот универзитетски центар на Косово во Приштина, јави КТВ.

Таа починала по деветдневно лекување, пренесува KosovoOnline.Смртта на жената ја потврди докторот од приштинската болница Ваљбон Красниќи.

Тој рече дека шеснаесет лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Приштина од декември минатата година, од кои тројца се уште се во критична состојба.

притисни ентер