Русија се консултира со Кина за евентуална евакуација на нивите граѓани од Вухан, во провинцијата Хубеи, каде избувна епидемија на корона вирусот, објави денес руската амбасада во Кина.
Според руските медиуми, во моментов нема руски државјани заразени со новиот вирус, пренесува Ројтерс.
Досега евакуацијата на нејзини граѓани од Вухан е иницирана и од Франција и САД.
САД утре ќе ги вратат своите граѓани и дипломати од Вухан со чартер летови , објави американскиот „Волстрит журнал“. Авионот ќе пренесе околу 230 дипломати и други американски државјани и нивните семејства.
Според весникот, Вашингтон добил одобрение од кинеското Министерство за надворешни работи и други владини агенции.