Николовски: Ние сме шампиони во регионот на рекордна искористеност на европските средства од ИПАРД програмата

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Прилеп, прилепскиот регион и Кривогаштани каде што се сретна со граѓаните на оваа општина но и со земјоделците од овој крај.

Тој истакна дека досега потпишаните 1.480 договори во висина од околу 32 милиони евра се потврда дека земјоделството ни е на прав пат. Како и дека нашата држава е пример во регионот како треба да се користат средствата од ИПАРД програмата. За тоа потврдуваат голем број компании кои ги користат средствата од оваа програма како голема поддршка за нивниот бизнис.

Во изјава за медиумите во Прилеп тој посочи дека изминатиот период беа остварени бројни средби на територија на целата држава, средби на кои можеа да се слушнат вистинските потреби, сугестии и предлози од страна на граѓаните и земјоделците во однос на земјоделството. Овие средби ги посочи како навистина продуктивни и потребни , а се во насока на нивни интерес.

Тој посочи дека решавањето на статусот на стечајните работници, растот на минималната плата, субвенционирањето на придонесите за плати, растот на платите во низа сектори се дел од законските решенија кои се донесоа и реализираа, а директни придобивки имаат граѓаните. Концептот парите назад кај граѓаните продолжува и во иднина-истакна Николовски.

Ова е првпат нашата држава да не плаќа пенали за неискористување на средствата од ИПАРД програмата и можам да кажам дека сме шампиони во регионот на рекордна искористеност на европските сретства.-истакна Николовски.

Владата предводена од СДСМ изминатиот период покажа дека вистински се грижи за сите граѓани и стои на зборот. Ако зборуваме за тутунопроизводителите можеме да кажеме дека она што го ветивме го исполнивме . Па така во 2016 година ветеното зголемување на субвенциите се реализираше уште со првата реколта. За првата класа 80 денари, за втората 70 денари и за трета 60 денари- посочи Николовски.

Тутунопроизводството е стратешка гранка од која имаме 100 милиони девизен прилив, а го работат над 33 илјади семејства во државата, затоа продолжуваме и понатаму со поддршка на оваа гранка. Денес имаме историски највисоки цени на тутунот ,ако споредиме со 2014 година кога беше 118 денари, па во 2015 година 185 денари, а денеска за само 3 години имаме просечна цена од 221,5 денари.

Продолжуваме и понатаму со поддршката на оваа но и останатите земјоделски гранки, таму каде што е потребно. Со СДСМ земјоделството е на прав пат!, се наведува во соопштението на СДСМ.

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер