Шкријељ во Демир Капија: Просечната пензија ја зголемуваме на 15.500 денари од февруари годинава

Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика во СДСМ денеска се сретна со пензионерите во Демир Капија, се наведува во соопштението на СДСМ.

Според соопштението на СДСМ, Шкријељ со нив разговараше за престојното зголемување на пензиите од идниот месец за околу 700 денари но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација. На средбата се разговараше и за развојот на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.

"Од идниот месец над 320 илјади пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија. Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека годинава пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме кога раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 проценти на просечната плата. Со ова Владата покажа дека не прави ад хок зголемувања на пензиите пред избори, туку врз основа на законска рамка" рече Шкријељ.

Шкријељ истакна дека Владата за само една година од спроведувањето на пензиската реформа успеа да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за ПИО за 3 милијарди денари, а приходите се зголемени за 10%.

"На почетокот на 2020 година просечната пензија со последното покачување во јануари ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија е зголемена за вкупно 1.746 денари. Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.

Во Виетнам обвинети седум лица за „камионот на смртта“

Во Виетнам се обвинети 7 лица во врска со смртта на 39 виетнамски мигранти чии тела беа пронајдени во камион во близина на Лондон во октомври.

Официјалната Виетнамска новинска агенција соопшти дека осомничените се обвинети за организирање и посредување во илегална емиграција.

Истрагата покажала дека обвинетите помогнале во тоа 67 луѓе легално да патуваат во европските земји заради работа.

Виетнамската полиција исто така ја повика владата да побара помош од Интерпол во издавање на меѓународна потерница за апсење на еден од осомничените кој живее во Кина, јавува новинската агенција.

Телата на 39 луѓе пронајдени се на 23 октомври минатата година во англискиот град Грејис, источно од Лондон.

Полицијата соопшти дека жртвите биле од Виетнам, на старост помеѓу 15 и 44 години.

Се верува дека жртвите, 31 маж и 8 жени, им платиле на криумчарите за илегално префрлање во Англија.

Полицијата соопшти дека мигрантите умреле од комбинација на недостаток на кислород и прегревање во затворен простор.

Неколку луѓе се обвинети и во Велика Британија за убиство или помагање во илегална имиграција.

„Камионот на смртта“, во кој се пронајдени 39 мртви на југот на Англија, предизвика огромно внимание во светската јавност во октомври минатата година.

Индонезиски студенти настрадаа во поплава на островот Јава

Најмалку шест мртви и шест исчезнат, тоа е билансот од ненадејното надоаѓање на вода од реката Семпор во провинцијата Јагјакарта, на индонезискиот остров Јава.

Ова го соопштија надлежните служби за борба против последици од елементарни непогоди во Индонезија.

Група од околу 250 студенти шетала на брегот на реката кога ги однела надојдената вода, пренесе „Ројтерс“.

„Оваа група студенти била во извидничка вежба по брегот на реката Симпор, немало никакви врнежи, но кога се приближиле до речното корито се појавил огромен бран на плима“, рекол претставникот од службата за борба против последиците од елементарни непогоди Агуса Вибовоа, пренесе „Ројтерс“.

Во извештајот на „АП“, меѓутоа се наведува дека билансон од несреќата на Јава е дури 10 загинати и повеќе повредени студенти.

Властите соопштија дека се спроведува заедничка спасувачка акција од страна на полицијата, службата за спасување и војската.

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството се уште ги штити Зоран и Вице Заеви

ВМРО-ДПМНЕ објави факти на денот.

Факти на денот:

  1. Обвинителството и Судот молчат, не го повикуваат Зоран и Вице Заев на распит.
  2. Зоран Заев и Вице Заев молчат за што разговарале со Јанева и Милески.
  3. Безбедноста и животите на полицајците под ризик, Славјанка Петровска директно брифира по медиуми за акција на МВР.
  4. СДСМ и Заев го раскрчмуваат водниот фонд на државата, продажбата на Тиквешко езеро ќе донесе милиони за луѓе блиски на Заев.
  5. Шекеринска платила 150% повисока сума за механизација и проневериле над 250.000 евра.
  6. Македонија на 3-то место во светот по стапката на невработеност на млади од 15 до 24 години, според „ Економист“.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер