Најмалку четворица загинати на денешните насилни протести во Ирак

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени кога ирачките безбедносни сили ги нападнаа демонстрантите на голем митинг во Багдад.

Новата полициска акција дојде неколку часа откако свештеникот Моктада ал-Садр, популарен кај милиони Ирачани, ја повлече поддршката за антивладините демонстранти.

Садр, водачот на најголемата коалиција во ирачкиот парламент, ги повика граѓаните на улиците да се спротивстават на американското воено присуство на ирачко тло.

Најмалку еден загина, а повеќе од 30 се повредени во ирачката престолнина, а уште тројца се убиени во јужниот град Насиријах, кога безбедносните сили зазеле мост, каде граѓаните со денови протестирале.

Ирачката полиција ноќеска спроведе акција во јужниот град Басра, каде ги избрка демонстрантите и ги распореди силите за да не можат да се вратат на местата на кампот. Најмалку 16 демонстранти се уапсени.

Од почетокот на антивладините протести на 1 октомври, повеќе од 450 луѓе се убиени . Полицијата често користи вистински куршуми и солзавец.

Во земја со огромни резерви на нафта и широко распространета сиромаштија, демонстрантите бараат заминување на целата владејачка елита и прекин на интервенциите од надвор, особено од Иран.

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување во градот и населените места. 

-Се менува ниско напонската мрежа, се поставуваат нови канделабри и светилки, а целта е да се заштети електрична енергија, а да се добие подобро осветлување на улиците и јавните површини. На денешната прес конференција од општината информираа и дека граѓаните можат онлајн преку веб страницата на општината да пријавуваат проблеми, но и да закажуваат прием кај градоначалникот Митко Јанчев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе избира нов Ивршен комитет

Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе одржи седница за избор на Извршен комитет на партијата.

Според партиското соопштение, новиот Извршен комитет ќе има помалку членови од актуелниот и ќе содржи неколку нови имиња.

Новиот извршен комитет е дел од пакетот промени кои ги најави и почна највисокото актуелно партиско раководство. По изгласувањето на новиот статут, ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател и нов Извршен комитет на УМС, распиша оглас за избор на нов претседател на унијата на жени, а во меѓувреме беа назначени и нови претседатели во дел од општинските комитети.

Украден мртовец од струмичката болница

Претпладне околу 9 часот група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на болницата, потврди за МИА директорот, д-р Наќе Гогов.

– Се се случи како во хорор филм. Пациент на 49 годиншна возраст бил примен во амбулантата во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. Отако набргу починал дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец. Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи. Веднаш ја алармиравме полицијата, но додека таа да дојде тие веќе заминаа, рече директорот Гогов.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест./МИА.

притисни ентер