Петмина загинаа , кога се урна зграда во Њу Делхи (ВИДЕО)

Пет лица загинаа , меѓу кои и двајца студенти, а уште 13 лица се повредени кога се сруши зграда во Њу Делхи, која била во процес на реновирање.

Осуммина студенти, кои биле хоспитализирани, но не во критична состојба, биле спасени од под урнатините, пренесува АП.

Студентите имале предавање на првиот кат од зградата кога таванот се срушил врз нив.

Вториот кат од зградата во тоа време се реновирал, соопшти противпожарната служба.Властите ја испитуваат причината за несреќата.

Во Индија, зградите често се уриваат затоа што многу се слабо конструирани и градени со ефтини материјали и без да се придржуваат кон безбедносните стандарди за да ги намалат трошоците.

притисни ентер