Најскапиот и најмоќен воен авион лета со денови и навистина е невидлив (ВИДЕО)

Настанат во ерата на Студената војна, бомбардерот Б2 Синт е дизајниран првенствено да ја разбие Советската воздушна одбрана со можност за носење и конвенционално и нуклеарно оружје.

Сепак, непосредно по тест-летот во 1989 година, Берлинскиот ѕид падна и Студената војна заврши, а Б2 никогаш не доби шанса да се обиде да влезе во рускиот воздушен простор.

Првиот авион беше ставен во употреба во текот на 1993 година во воената база Витман во Мисури, додека првата употреба на овој бомбардер се случи за време на војната во Косово во 1999 година.

Како еден од најсофистицираните авиони, Б2 може да достигне каква било цел, да се наполни гориво во воздух и потоа да се врати во базата. Покрај тоа, ниту еден Б2 досега не е соборен додека се борел со противнички авион.

„Тој е навистина уникатен, никогаш немало авиони што можеле да се револуционизираат на овој начин“, изјави Ребека Грант, експерт за авијација за Си-Ен-Ен.

Сепак, концептуалниот дизајн на авионот без класичен труп, крилја или кое било друго испакнување одамна е познато во авијацискиот свет уште во ерата пред Првата светска војна.

Пионерските проекти од ваков вид на американско тло се поврзани со авијацискиот дизајнер и индустријалец Џек Нортроп, чии први прекурзори на „летачко крило“, со мотори, за прв пат се претставени во текот на 1940 година.

„Овој авион е изработен од материјали и облоги кои се способни да апсорбираат радари, и е невозможно да се види неговиот мотор, кој конструкторите го сместија во задниот дел на бомбардерот за да не испушта повеќе топлина како сигнал за радарот. Леталото е толку тивко што можете да го слушнете само кога лета точно над просторот над вас “, додава Грант.

Овие дополнувања, познати како „невидлива“ технологија, не се целосно оперативни во секое време, но се активираат во моментите кога авионот треба да стане „невидлив“.

Мисиите Б-2 траеле максимум 44 непрекинати часови - како на пример кога авион летал од Мисури во Авганистан во 2001 година , поради што има простор зад кокпитот каде еден од двајцата пилоти може да се одмори, со склад за храна и простории за греење ,а има и тоалет.

Секој авион Б-2 го носи името на една од американските држави, како што е името ,,Духот на Мисури”, и е еден од најскапите авиони за одржување, односно бара десетици часови сервис за секој час лет. Деликатната површина на леталото, што овозможува дополнителна невидливост, мора да се чува на ладна температура, што бара климатизирани хангари и дополнително ги зголемува високите трошоци.

Досега се произведени 21 примероци од моделот Б-2.

„Нивната цена надминува 2 милијарди долари, што би било многу помалку доколку се направат 132 планирани авиони“, вели Грант.

Поради малата флота и строго доверливата технологија, Б-2 е авион со кој сите сакаат да летаат, но само неколку стотици пилоти ја имаа таквата можност.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

Најмалку пет мигранти се удавија обидувајќи се да го преминат Ла Манш

Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“.

Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека во тек е потрага по исчезнати на море. /МИА

притисни ентер