Драстично опадна нивото на Преспанското езеро , се заканува еколошка катастрофа

Климатските промени и недостигот од врнежи се закануваат со голема еколошка катастрофа на Преспанското езеро. За осумнаесет месеци нивото на водата е намалено за речиси 2 метри или во количина на вода е изгубено колку две Дојрански езера. 

Алармантна е состојбата со нивото на вода во преспанското езеро. Досега од второто по големина езеро е изгубено вода колку две Дојрански езера. На места водата е повлечена и до 100 метри а на брегот каде што стоевме додека снимавме водата во нормална година требаше да ни биде преку глава.

Познавачите на состојбите од овој регион стравуваат дека допрва на лето на преспанско езеро му се заканува голема еколошка катастрофа заради климатските промени. Преспанско преку подземни канали се одлива во Охридското езеро а главниот извор на вода се снеговите на околните планини, Баба, Галичица и Пелистер.

Но не само закана за рибниот фонд во езерото ваквите климатски промени и повлекувањето на преспанското езеро полека ги пресучуваат и бунарите што ќе биде голем проблем и за јаболко производителите од овој регион кој неколку години по ред имаа проблеми со мразеви и намален род а сега ќе треба да ја бијат битката и со недостиг на вода за наводнување. Покрај преспанското езеро засега големи проблеми со недостиг од вода имаат и вештачките акумулации кој може сериозно да се одрази врз земјоделството.

притисни ентер