Авион принудно слета во Дубровник , починал патник

Патнички авион кој летал на редовната линија од Дизелдорф (Германија) кон Марса Алам (Египет) присилно слета во Дубровник, пишуваат хрватските медиуми.

Причината е срцев удар што претрпел еден од патниците. Неофицијално се дознава дека патникот починал во авионот.

Информациите за принудното слетување на авионот ги потврди директорот на аеродромот во Дубровник Франо Луетиќ. Според него, по патниците кои морале да се симнат во Дубровник, пристигнува втор авион што ќе ги однесе во Египет.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер