Агенда Дигитализација 20-24: Услуги за сите граѓани со само една најава преку мобилен телефон

На програмската трибина на СДСМ, посветена на темата дигитализација, надворешните експерти заклучија дека Македонија е на вистинскиот пат кон целосна дигитализација и поради напорите на Владата во изминатиот период и поради капацитетот на државата.

Основачот на „System for Enterprise", Стефан Митевски истакна дека има многу „фриленс" даватели на дигитални услуги во државата што е позитивно.

"Според истражување на институтот Оксфорд ние сме втори по број на фрiленсери во светот, не само во Eвропа, така што има доста голем број на луѓе кои даваат и извезуваат дигитални услуги и доста е позитивно тука што извезуваме мозок,тоа е една од најдобрите гранки во економијата, бидејќи додадавме голема вредност.

Што се однесува до администрацијата, одличен чекор е што ќе имаме е-услуги, се надевам дека тој момент, со едно место на најавување, ќе може да користи и во приватниот сектор, за да со една најава може да се добијат услиги од осигурителни компании, банки и други, рече Митевски.

Експертот за дигитални комуникации, Моника Ризова истакна дека сме во чекор со светските трендови во однос на следење на трендовите, бидејќи тоа е индикатор за успехот на секоја ИТ компанија.

"Ме радува што имаме 70 отсто пораст на онлајн навиките кај граѓаните, тоа е доста добар индикатор дека се повеќе почнуваме да веруваме и да купуваме особено од македонски е- продавници. Ме радува и фактот што 40 отсто веќе има запишано студенти на ФИНКИ, а сигурно дека тој број ќе расте", рече Ризова и додаде дека верува во позитивна иднина на дигитализацијата во нашата држава.

Маријана Нешковска, прокет менаџер во „Sorix", смета дека државата е на правилен пат и со воведувањето на е-Услуги. Таа истакна дека сега се потребни подготовски на институциите и промени во законските решенија.

"Голем напор треба да се вложи во подготовка на институциите. Приватниот сектор е многу поспремен во процесот на дигитализација, а исто така треба да се работи и на промени на законските регулативи. Ккао пример ќе го споменам проектот "МојТермин" . Рецептот постопи како дигитален повеќе од 6 години. Може ова вака делува смешно бидејќи сите сме сведоци дека граѓаните носат рецепти на хартија, ноот не е во системот не може и да с еподигне. Затоа велам дека потребни с еи измени во законските регулативи, а веројатно до овој момент недотигаше и регистароитот на граѓани кој откако сега ќе биде воведен, овој процес ќе може целосно да се дигитализира, рече Нешковска.

Претседателот на комисијата за информатичко општевство на СДСМ, Методија Димовски, потсети на револуционерниот чекот направен пред петнаесетина години во однос на дигатализација, кога се направи "аплај он" системот.

" Тогаш го систематизиравме пријавувањето за работа во државната администрација во тоа време. Сега тој систем е проширен и надграден и ги опслужува добар дел од другите институции во јавниот сектор. Значи 15 години имаме дигитализација на најголемиот дел на тој процес. И она што е куриозитет тој софтвер во тоа време беше и награден и признат од Европа. Веќе се претвораме во "тек" земја и треба да инвестираме во тој дел, се наведува во соопштението на СДСМ.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

притисни ентер