СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ прави се да го загрози членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ во последниот период упорно повикуваше предвремено да го ратификуваме Протоколот за НАТО затоа што наводно биле загрижени за членството во Алијансата, се наведува во соопштението на СДСМ. 

Но, во пракса, очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ е против нашето зачленување во НАТО.

Како поинаку да се толкува опструкцијата на Христијан Мицкоски кон Законот за одбрана, кога тоа законско решение е клучно при зачленувањето на државата во НАТО.

Ваквата неконзистентната политика на ВМРО ДПМНЕ, едно во теорија, а друго во пракса, го покажува своето мрачно лице.

Ова наликува на ситуацијата со Мицкоски кога пред македонските граѓани изјавува дека ќе го поништи Договорот од Преспа или оној со Бугарија, а пред странските политичари уверува дека ги почитува затоа што тие се гарантиори на европската иднина на државата.

Само што сега на домашна сцена, истиот Мицковски е со полна уста за НАТО, а не сака неговите пратеници да гласаат за законите кои се неопходни за членство.

Со ваквото лицемерие ВМРО ДПМНЕ директно наштетува на државата и на интересите на граѓаните, а со одбивањето да го гласа Законот за одбрана го загрозува целиот евроатлански процес.

Македонија е на чекор да стане 30-та земја членка на НАТО и тоа е единствената опција да ја осигураме нашата стабилност, безбедност, економија и нашата иднина.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува воведување на НАТО стандарди во македонската армија, обезбедува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО. Како одговорна партија која се грижи за иднината нема да отстапиме од носењето на овој закон кој го запечатува нашето членство во Алијансата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со политиканството и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за нашето зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија.

Граѓаните на 12 април ќе гласаат за интегративни, иновативни и толерантни политики, а не за несериозните политики на ВМРО-ДПМНЕ што ја држеа земјата во криминал и корупција.

Нетанјаху го отфрли предлогот на шефот на Мосад за можен договор во Газа

 Израелската телевизија Канал 12 објави дека шефот на Мосад, Дејвид Барни, предложил можност за договор за размена на затвореници со Хамас, но премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрлил.

Телевизијата, повикувајќи се на неименувани приватни извори, објави дека Барни рекол дека верува во можноста за постигнување договор, но дека Нетанјаху се спротивставил на презентираните детали.

Деталите од договорот за кој Барни верува дека може да биде потпишан вклучуваат ослободување на 40 израелски затвореници и враќање на жителите од северна Газа во нивните домови без никакви други услови.

Како што наведува телевизијата, премиерот Нетанјаху смета дека договорот е „слаб“ за Израел и наложил да се подготват за окупација на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Според истиот извор, членовите на израелскиот воен кабинет Бени Ганц и Гади Ајзенкот го поддржале ставот на Барнеа, но тоа не го спречило Нетанјаху да се спротивстави и да го отфрли договорот.

Израелска делегација, предводена од директорот на Мосад, Дејвид Барни, отпатува во Доха, главниот град на Катар, на 18 март на нова рунда преговори за ослободување на затворениците во Газа.

Израелските медиуми објавија дека официјално започнале преговорите за размена на заробеници меѓу Хамас и Тел Авив, а во Доха пристигна израелска делегација предводена од директорот на Мосад. Во вестите на израелската телевизија Канал 12 беше наведено дека преговорите би можеле да траат околу две недели./МИА

Почина Шаќир Алити, прв градоначалник на Тетово по осамостојувањетo

Почина Шаќир Алити, првиот градоначалник на Тетово по осамостојуавњето на Македонија, информираше Општина Тетово. Алити беше градоначалник од 1991 до 1997 година.

-Со длабока тага ја дознав веста за смртта на добриот човек, ангажиран граѓанин, поранешниот прв градоначалник на општина Тетово по осамостојувањето на Северна Македонија, Шаќир Алити. Алити даде драгоцен придонес во политичките, економските и општествените процеси во Тетово. Како градоначалник на општина Тетово одигра суштинска улога во консолидацијата на локалната демократија. Во име на граѓаните на општина Тетово и во мое име, на семејството Алити му изразувам најдлабоко и најискрено сочувство, напиша актуелниот градоначалник Биљал Касами, пренесува канцеларијата за односи со јавноста.

Алити починал на 83 годишна возраст во родното село Глоѓи. Во 1991 годиба беше дел од Партијата за демократски просперитет (ПДП) која ја водеше Невзат Халили.

Во Токио средба Јоко - Лазарини

 Шефицата на јапонската дипломатија Камикава Јоко на средбата со генералниот секретар на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блиски Исток (УНРВА) Филипе Лазарини побара поголема координација во пружањето на помош на УНРВА.

- Помошта за УНРВА претставува важен извор на приход, посочи Јоко, и повика на поефикасна структурна реформа на Агенцијата со цел да се обезбеди транспарентност на финансирањето и непристрасност на персоналот.

Таа додаде дека за Јапнија е важно да се зајакне управувањето со УНРВА „за да се осигури дека помошта не се користи за терористички активности“.

Лазарини истакна дека со Јапонија ќе биде воспоставена нова рамка која ќе обезбеди транспарентност на проектите.

Неколку земји го суспендираа своето финансирање на УНРВА во јануари годинава по израелските наводи дека 12 од неколку илјади вработени во Агенцијата учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. УНРВА ги истражува тврдењата, но предупреди дека намалувањето на финансирањето може да предизвика катастрофа. /МИА

притисни ентер