Манчевски од трибината "Агенда - Дигитализација 20-24: Ултра брз интернет за сите граѓани било каде и да живеат

"Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба  да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата".

"Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата", потенцираше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашаната трибина посветена на дигитализацијата.

Манчевски ги истакна придобивките од дигитализацијата за што рече дека значително го подобрува квалитетот на животот на сите граѓани, ги носи институциите и услугите до граѓаните и придонесува кон борбата со корупцијата.

Дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.

"Време е личната карта и здравствената книшка да заминат во историјата" рече Манчевски и додаде дека со нова технологија ќе се стигне до целосна идентификација од мобилен.

Манчевски најави и развој на 300 нови електронски услуги, како и изградба на Национална оптичка мрежа. Граѓаните ќе имаат на услуга ултра брз интернет било каде да живеат, по достапни цени. "Смарт сити платформа за сите градови", најави Манчевски, се наведува во соопштението на СДСМ.

Роналдо ќе го пропушти натпреварот на Португалија против Шведска

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе го пропушти пријателскиот натпревар со Шведска, објави „ESPN“. Португалскиот селектор Роберто Мартинез ќе му даде малку одмор на 39-годишниот напаѓач. 

Роналдо ќе му се приклучи на националниот тим во пресрет на натпреварот против Словенија.

Репрезентацијата на Португалија на 21 март ќе игра на домашен терен против Шведска, а на 26 март ќе се соочи со Словенија на гостински терен.

Во досегашната 21-годишна репрезентативна кариера Роналдо има одиграно 205 натпревари и постигнато 128 голови.

Во израелската воена операција во „Ал Шифа“во Газа загина третото лице во хиерархијата на Хамас

Израелската армија соопшти дека убила десетици палестински борци и уапсила повеќе од 200 лица во голема операција вчера во најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа - болницата „Ал Шифа“, пренесоа француските медиуми.

Стотици цивили беа принудени да ја напуштат областа.

Вашингтон ја потврди смртта во операцијата на заменик-шефот на военото крило на „Хамас“ Марван Иса. Тој е највисокиот претставник на палестинското исламистичко движење убиен од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната пред речиси половина година.

-Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс и над 20 во областа околу болницата, рече портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека се приведени „повеќе од 200 осомничени терористи“.

Министерството за здравство во Појасот Газа извести за „десетици убиени и ранети, од кои повеќето цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Ал Шифа“, но не даде точни бројки.

До 13 луѓе се затрупани по уривање на рудник во руската област Амур

 До 13 лица, според прелиминарните податоци, се затрупани по уривањето на мина во областа Зеј во руската област Амур, јавија синоќа руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Спасувачките служби претходно известија дека е изгубен контактот со 13 работници во рудникот „Пионер“.

притисни ентер