Белата куќа со остра опомена до Приштина и до Белград

Косово мора да ги укине ригорозните 100 проценти повисоки тарифи за српските производи, а Србија мора да ја прекине својата кампања за повлекување на признавањето на независноста на Косово во пацифичките и прекуокеанските земји.

По дводневниот престој на Ричард Гренел, специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, во Приштина и Белград , од Вашингтон стигнаа остри осуди. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пожали дека барањата не се со соодветна тежина, но тоа е разбрано повеќе како шоу за домашна употреба.

Белата куќа на тој начин ги опомена и едната и другата страна и ја презеде иницијативата, со оглед дека скоро половина година немало дијалог меѓу двете држави. Имено, повече од три месеци не можеше да се формира влада на Косово, а победникот на изборите, Албин Курти, нема договор со коалицискиот партнер Иса Мустафа за некои кадровски решенија. Мустафа бара место на косовски претседател, но Курти не се согласува.

Од друга страна, Србија влегува во предизборниот период (парламентарните избори ќе бидат во април), па се плашат во Вашингтон и Брисел дека недостатокот на дијалог може да се продлабочи во втората половина на оваа година. Претседателот Трамп изјави дека нема да има премногу трпение и бара работите да бидат преместени од ќор-сокакот, а новата администрација на Брисел сака смена. Се чини дека само Москва нема никаква врска со одложувањето на дијалогот, па дури и да се претвори косовскиот јазол во „замрзнат конфликт“.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

притисни ентер