Шарл Мишел во посета на Македонија

Судбината на Македонија е европска, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на заедничката прес конференција со Претседателот Пендаровски. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Сообраќаен режим на регионалниот пат Карпалак-Желино поради реконструкција

 Тетовската полиција ја информира јавноста дека ќе спроведува соодветен сообраќаен режим на регионалниот пат Карпалак-Желино поради изведување на реконструкција на делницата. 

Полициски службеници со употреба и на сигнализација ќе вршат прилагодување на сообраќајот.

-Секторот за внатрешни работи Тетово ги информира граѓаните дека градежните работи ќе се одвиваат секој ден од 8 до 16 часот. За таа цел, зависно од содржината и динамиката на работите што ќе се изведуваат на овој потег, ќе се прилагодува и сообраќајниот режим, за што непосредно ќе бидат ангажирани полициски службеници и ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација. СВР Тетово апелира до возачите на макеисмална внимателност и на целoсно почитување на наредбите на полициските службеници и на сообраќајните знаци, стои во соопштението до јавноста.

Делницата Карапалак-Желино е дел од регионалниот пат Р402 или попознат како стар пат Тетово-Скопје. Реконструкцијата на 16 километри пат е во надлежност на јавното претријатие за државни патишта.

Спасовски оствари средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со новиот амбасадор на Делегацијата на Европската унија, Дејвид Гир.

Спасовски, како што соопшти МВР, истакнал дека реформите во безбедносните служби со помош на ЕУ и САД помогнале да се формира модерна служба, која ќе работи за доброто на граѓаните. Во наредниот период, посочил Спасовски, активностите ќе бидат насочени кон јакнење на капацитетите на полициските службеници и на меѓуграничната соработка.

Амбасадорот Гир ги поздравил направените реформи и ја истакнал важноста и одговорноста што ја има МВР како институција во борбата против организираниот криминал. Нагласил дека е важно јакнењето на натамошната соработка во областите кои претставуваат заеднички приоритети, како што се борбата против оргинизираниот криминал, компјутерскиот криминал и проблемот со миграцијата.

На средбата присуствувале и заменик-министерот Назим Буши, државниот секретар Магдалена Несторовска и помошник на министерот за ЕУ и меѓународна соработка Муамет Реџепи.

„Само Интервју” вечерва со Сашо Орданоски

Вечерва во „Само Интервју“ гостува Сашо Орданоски.

Дами и господа, петок е ден за без „ракавици“, за сите актуелни политички и економски проблеми вечерва Гоце Михајлоски одговори ќе бара од Сашо Орданоски, политички новинар и аналитичар.

Името го сменивме, добивме пријатели но и коронавирус, уште колку „милји“ не делат од „животот“ во Македонија?

Дали нашите историски корени од „волшебната“ приказна за Гоце ќе бидат новата рампа пред ЕУ?

Има ли обид да се купи политичкиот “мир“ со парите на граѓаните?

Дали и тоа е дел од реформите што ги бара ЕУ?

На СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, чија „визија“ за државата е подобра за граѓаните?

Кој тоа таму и зошто пее на опозициските протести?

Можна ли е некоја своевидна реприза на сценариото од 27-ми април и дали Македонија се движи кон етничка или кон граѓанска држава?

Постои ли паралелна разузнавачка мрежа од поранешните структури на власт?

„Снајпер“ или „ракавици“ што ќе донесе со себе, гледајте го Сашо Орданоски во Само Интервју, само на Канал 5 Телвизија.

притисни ентер