Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се одржа на зелениот покрив на ГТЦ, градоначалникот Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив.

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година. Заеднички, вие како покровител, а јас како реализатор, да отвориме еден нов културен простор како што е покривот каде што вечерва се наоѓаме – рече градоначалникот Шилегов.

Тој изрази убедување дека Градот Скопје ја оправдува довербата на граѓаните кога е во прашање културниот живот во Скопје.

Верувам и дека за неколку години од сега со гордост ќе ја носиме титулата Европска престолнина на културата. Особено ми е драго што вечерва се наоѓаме на покривот на култниот објект во нашиот град – Градскиот трговски центар, кој не само што успеавме да го сочуваме од барокното лудило, туку успеавме и да го зазелениме, повторно да го заживееме, а згора на тоа и да го отвориме овој простор за нови културни настани – додаде Шилегов, соопшти Град Скопје.

Српски воен авион се урна покрај границата со БиХ(ВИДЕО)

Српскиот воен авион МИГ 21 се урна во близина на границата со БиХ, објавија српските медиуми.

Според Блиц, авионот паднал во селото Брасине во близина на Лозница. Очевидци наведуваат дека авионот прелетал над градот Гушево кон Зворник во низок лет од правецот на Цер и направил круг. После тоа се слушнала „страшна врева“, велат очевидците.

Пожарникарите и полицијата наскоро пристигнале на местото на настанот и го обезбедиле местото на несреќата. Локалниот портал Зворник Данас објави фотографии од местото на несреќата.

Српското Министерство за одбрана потврди дека паднал МИГ 21. Според нив, авионот се срушил „при извршување на редовна задача на летот“ околу 9 часот наутро.

Босанско-херцеговинската телевизија ТВ Подриње објави видео на кое се гледа облак од чад од падот на српскиот воен авион.

Видео: Гола Србинка купува лубеница!?

Во Србија и регионот сите зборуваат за девојката со  бујни облини која без ниту едно парче облека на себе купува лубеници.

На социјалните мрежи се појави интересно видео од Србија.

На патот Панчево-Белград покрај тезга со лубеници запира автомобил од кој излегува девојка нагрната со марама која веднаш ја вади и гола тргнува да пазари.. Атрактивната гола девојка го поздравува момчето кое работи на тезгата и сака да купи лубеница.Откако лубеницата е избрана девојката плаќа, а изненадениот продавач ја носи лубеницата до нејзиниот автомобил.

-Се надевам дека не ти е непријатно сега, но тоа е. Навистина ти благодарам, му зборува голата девојката на продавачот додека тој и ја носи лубеницата до автомобилот.

Потоа бујната девојка го прегрнува продавачот која ја прашува дали може да се слика со неа, што девојката без проблеми му дозволува.

притисни ентер