Ким Џонг-ун се извини за убиството на јужнокорејскиот службеник на границата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун направи ретко лично извинување поради убиството на јужнокорејски службеник, пренесува Би-Би-Си.

Ким, наводно, му рекол на својот јужнокорејски колега Мун Јае-ин дека инцидентот не смеел да се случи.

Тој, наводно, бил застрелан во рамките на антикоронавирусните мерки, изјави советникот за национална безбедност на јужнокорејскиот премиер.

Имено, јужнокорејските власти известуваат дека наводно 47-годишникот се обидел да побегне на север.

Го пронашла армијата во севернокорејските води, по што бил застрелан, а неговото тело било запалено, известуваат јужнокорејските власти.

Извинувањето дојде во форма на писмо до претседателот Мун, а Ким рече дека му е „многу жал што ги разочарал г-дин Мун и народот на Јужна Кореја“.

Северна Кореја исто така им ги достави на Јужна Кореја резултатите од истрагата за инцидентот. Во него се наведува дека биле истрелани повеќе од 10 истрели кон човек кој влегол во водите на Северна Кореја, одбил да го открие неговиот идентитет, а потоа се обидел да избега.

Меѓутоа, во писмото се наведува дека тие му ја запалиле спасувачката јакна, а не телото.

„Војниците не беа во можност да го лоцираат неидентификуваниот сторител за време на потерата, откако испукаа истрели и го запалија елекот поради Националните мерки за спречување на итни болести“, рече советникот за национална безбедност на Мун, Сух Хун, повикувајќи се на писмото.

Министерот Маричиќ со осуда за бруталното однесување на полицијата врз Роми

Министерот за правда Бојан Маричиќ го осуди бруталното однесување на полицијата врз групата Роми и очекува брза и одлучна акција во насока на санкционирање на сторителите.

– Нашата осуда е искрена и силна. Драго ни е што Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР ги идентификува сторителите согласно видеото и очекуваме брза и одлучна акција во насока на санкционирање на овој случај. Мислам дека ниту говорот на омраза, ниту насилството кон кој било граѓанин, не може да се оправда. Напротив треба да се осуди и да се санкционира и сигурен сум дека системски ќе реагираме за тоа да не се повтори. Случајот е во рацете на МВР и понатаму на Обвинителството и другите институции, изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Маричиќ: Политиката да биде што подалеку од изборот на обвинителите

Политиката треба да биде што подалеку од изборот на обвинителите, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско рашање во врска со барањето на опозицијата јавниот обвинител да се бира на нивен предлог.

– Нашиот принцип е политиката да биде што подалеку од изборот на обвинителите и тоа го утврдивме во Законот за ЈО. Јавниот обвинител на Република Македонија се избира согласно процедура во Уставот. Таа процедура предвидува дека Владата го предлага јавниот обвинител, а дека Собранието го избира со апсолутно мнозинство, така што за тоа да се промени треба да се промени Уставот. Мислам дека сега не е време за тоа. Мислам дека имаме професионален државен јавен обвинител кој ја врши својата работа согласно законот и согласно професионалните стандарди, рече Маричиќ на прес-конференција во Владата.

Опозицијата, потенцира тој, ќе има прилика да учествува во овие законски проекти, но и генерално во антокупциските политики доколку тоа го сака и доколку тоа и е целта, но политичарите не треба да бираат обвинители со политички договор и ние веруваме дека тоа е повик за зајакнување на правосудството.

– Не веруваме дека е добар начин избор на обвинител со политички договор. Имавме едно искуство пред неколку години со СЈО, кое што потоа опозицијата го критикуваше, рече Маричиќ.

Министерот за правда додаде дека изборот на обвинител на предлог на опозоцијата била нивна стара идеја промовирана уште пред неколку години, но констатираше дека, за жал, опозицијата имала неконструктивен однос кон соработата во клучните процеси во изминатите неколку години.

– Дури и во еден момент и се откажаа од таа идеја, а имавме прилика кога се создаваше Законот за јавно обвинителство да најдеме заедничко решение за обвинителот за висока корупција и организирн криминал, но и тогаш не се договоривме, рече министерот за правда Маричиќ на заедничката прес-конференција со Љупчо Николовски, вицепремиер за коруција.

Додека Суарез плачеше на разделбата, Меси го погоди со една негова реченица(ВИДЕО)

Луис Суарез плачеше вчера на збогувањето од Барселона за време на прес-конференцијата на која присуствуваа неговите сега веќе поранешни соиграчи.

Емотивната разделба на Уругваецот со клубот по шест години го следеше неговиот прв сосед и најдобар пријател Лионел Меси, а со него беа Серхио Бускетс, Жерар Пике, Серхио Роберто и Џорди Алба. На крајот, тие се сликаа како спомен покрај сите трофеи што ги освоија заедно играјќи за Барселона, а тој настан беше особено емотивен за капитенот Меси.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Аргентинецот изгледал тажно, погодено и скршено кога го гледал големиот пријател. Меси беше особено тажен кога Суарез плачеше при збогувањето и кога го спомена Меси.

"Секој знае какво пријателство имаме. Кога дојдов во Барса, сите рекоа дека морам да внимавам со него, но тој е прекрасна личност. Ќе ми недостасува".

Инаку, Суарез стана нов играч на Атлетико Мадрид. Во еден необичен трансфер, Уругваецот доаѓа како слободен играч откако го раскина договорот со Барселона, но Атлетико сепак ќе и плати на Барса околу шест милиони евра преку разни бонуси.

Суарез потпиша двегодишен договор со плата од девет милиони евра по сезона.

притисни ентер