Американски тинејџер си ги убил мајката и браќата близнаци, па отишол на училиште (ВИДЕО)

Тинејџер од американската држава Алабама е уапсен за убиство на неговата мајка и 13-годишните браќа близнаци.

Мајката Кристина Дурам (36), Бренсон Дурам (13) и Барон Дурам (13) биле пронајдени мртви со траги од убодни рани во нивниот дом во Мунфорд, Алабама.

„Полицијата го уапси 16-годишниот Ландон Дурам и чекаат да се изврши увид за сите три убиства“, изјави Стив Гиденс, главен обвинител на округот Таладега. Дурам ќе биде обвинет како возрасен, пренесуваат американските медиуми.

Според Гиденс, Дурам наводно ги убил „во вторникот наутро“, а потоа отишол на училиште.

Властите не го објавија мотивот за убиствата. Дурам се очекува денеска да се појави пред судија.

Шахпаска се сретна со претставници на синдикатите и работодавачите

Во Мининистерството за труд и социјална политика  Министерката Шахпаска  одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и  претставници на работодавачите.

На средбата се дискутираше за продолжување на процесот на подготовка на Законот за работните односи при што Министерката Шахпаска побара активно вклучување на сите чинители засегнати од законското уредување на прашањата кои ги регулира овој Закон. Таа додаде дека следните работни среди ќе бидат надополнети и со претставници на невладиниот сектор и стопанските комори. Притоа, таа присутните претставници ги запозна со содржината на програмата на Владата, а која е поврзана со Законот за работни односи.

„Она на кое што ќе работиме периодот пред нас се уредување на прашањето во врска со сезонската работа, флексибилното работно време, родителското отсуство, работата од дома работата од далечина, договорите на определено време и други прашања важни за унапредување на позитивното законодавство, а ќе обезбедат флексибилност и сигурност на работните места“, посочи Шахпаска.

Во овој процес ќе бидат вклучени и експерти од трудово право и Меѓународната организација на трудот, со цел добивање на експертско мислење за усогласеноста на Законот со директивите на ЕУ и Конвенциите на МОТ.

На крајот од работната средба сите страни се согласија на поинтезивна работа и средби во периодот кој следува ,со цел побрзо заокружување на содржината на новиот Закон за работни односи,се наведува во соопштението на МТСП.

Јапонците имаат лек, што значително го намалува времето на опоравување од ковид-19

Јапонската компанија „Фуџифилм“ денеска објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен против тежок грип, обезбедил „статистички значајно“ намалување на времето за опоравување на пациентите со ковид-19.

Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување III. фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравувањето било 11,9 дена за лекуваните со Авиган и 14,7 дена за оние кои се лекувале со плацебо, се вели во соопштението на компанијата.

Крајот на опоравувањето бил утврден кога коронавирусот повеќе не бил откриен со PCR тестови и други симптоми како што се треска биле ублажени или исчезнати.

Клиничкото тестирање било насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со ковид-19.

Клиничките испитувања спроведени од март, а сега завршени, не откриваат никакви нови опасности по здравјето поврзани со земање Авиган, прецизира Фуџифилм.

Компанијата сега ќе изврши „детална анализа на податоците“ собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да достави апликација за комерцијално одобрување на лекот против ковид-19 во Јапонија.

Авиган (фавипиравир) е дозволен од 2014 година во Јапонија, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови не биле ефикасни.

Avigan е контраиндициран за бремените жени, бидејќи тестовите врз животни покажале дека влијае на развојот на фетусот.

Јапонската влада очекува многу од овој лек и побара од Фуџифилм да го зголеми производството и да испорача бесплатни примероци во некои земји што го побарале.

Уште во мај, Јапонија го одобри лекот Веклури (ремдесивир) на американскиот Гилеад и обезбеди стотици милиони дози на разни вакцини против ковид-19.

Лукашенко ненадејно положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно положи заклетва за нов претседателски мандат, без најава, според државната новинска агенција Белта.

Церемонијата на заклетвата, која што била најавувана како голем настан во претходните мандати, се одржа по контроверзните резултати од изборите на 9 август.

Белта наведува дека Лукашенко ја положил десната рака на копијата на Уставот и дека положил заклетва, додека неколку стотици луѓе присуствувале на церемонијата.

Белорусија може да се соочи со санкции од Европската унија и САД, поради спорните избори и остриот одговор на безбедносниот систем на протестите.

Истражителот на ООН за човекови права, Анаис Марин, минатата недела рече дека повеќе од 10.000 лица се уапсени по изборите, додека има повеќе од 500 пријави за тортура.

Лукашенко, кој владее со Белорусија со цврста рака од 1994 година, тврди дека победил со 80 проценти од гласовите, додека опозицијата тврди дека изборите биле украдени и дека победила Светлана Тихановскаја.

Од објавувањето на изборните резултати, илјадници Белоруси протестираат против владата на Александар Лукашенко, кој уапси неколку големи ривали пред изборите, додека повеќето преостанати лидери на опозицијата беа уапсени или принудени да ја напуштат земјата по изборите.

Светлана Тихановскаја, шеф на опозицискиот координативен совет, е во егзил во Литванија.

притисни ентер