Познат готвач ја напуштил 30 години помладата љубовница, таа му се одмазди (ФОТО)

Познатиот британски готвач Пол Холивуд деновиве ги полни страниците на весниците и порталите не со неговите креации за пециво, туку со скандалот што го тресе неговиот приватен живот.

53-годишниот телевизиски готвач, кој важи за „најдобар“ британски слаткар, ја остави својата сопруга Александра Холивуд поради 30 години помладата љубовница.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Great news @emmaleebunton and @chefsherryyard joining @spiceadams and myself on the Great American Baking Show xx

A post shared by Paul Hollywood (@paul.hollywood) on

Сепак, Пол не се смири со атрактивната љубовница Самер Монтејс-Фулам, па неодамна беше виден со нова девојка.

Со цел да му се одмазди и да го потсети што губи , Самер објави секси фотографии на својот Инстаграм профил. Многумина од  нејзините 27 000 придружници напиша комплименти за нејзиниот изглед, а една фотографија привлече големо внимание.

На фотографијата, таа позира на кревет во едноделен костум, истакнувајќи ја примамливата фигура. „Љубовта кон самата себе е најдобриот среден прст на сите времиња“, пишува девојката. Следбениците во коментарите напишаа дека е преубава и се радуваа што малку се шегува со Пол.

Готвачот, имаше  скандал и кон крајот на минатата година. Ги украле неговите приватни фотографии и правеле лажни профили на социјалните мрежи. Крадците користеле лажни профили како мамка за запознавање со странци. Пол даде изјава на својот Фејсбук профил, во која се вели дека станува збор за лажен профил и ги повика следбениците да не наседнуваат на измамата.

Православниот собир во Аман уште не почнат осуден на дебакл

Уште не почнат исходот од  православниот собор во главниот град на Јордан, аман е повеќе од сигурно дека ќе биде неуспешен.

Но, неуспешен за иницијаторот  на собирот  ерусалимскиот патријарх Теофил трети и за претставниците на Српската и на Руската православна црква кои единствени заминаа во Аман, откако претходно  учеството го откажаа Грчката, Александриската, Кипарската, Албанската, Грузиската, Бугарската и последна во низата антиохиската црква.

Одбивањето на антиохискиот патријарх Јован да учествува на собирот се цени за најголема шлаканица за рускиот и ерусалимскиот патријарх , дотолку повеќе што прво ја прифатил поканата а потоа со образложение дека сака да избегне се што би можело дополнително да ја продлабочи разделбата на браќата и нивното несогласување , истата  ја отфрлил.

Но зошто братскиот собир во аман, толку ја дигна на нозе православната екумена?

Прво затоа што таков собир секогаш свикува вселенската патријаршија и што тема на истиот било да се изанализира и заземе гард кон потегот на вселенскиот  патријарх вар Толомеј  да прогласи автокефален статус на украинската православна црква а во предвечерието кога се очекува истата одлука да ја донесе и за Македонската православна црква Охридска архиепископија, нешто пак на што се противи руската православна црква и која околу овие прашања би сакала да го има приматот.

Првиот човек на московската патријаршија и на цела Русија за надворешни релации , патријархот Иларион Алфеев пред состанокот во аман изјави дека најдобро би било православните  цркви проблемите да ги надминат по пат на дијалог каков што дијалог заговараа да се случи и меѓу МПЦ и СПЦ.

Целта на овој собир е да се разговара за зачувување на црковното единство. За жал,факт е дека постојат  постојни поделби и сериозни несогласувања меѓу Локалните цркви. Постои опасност од длабок раскол во Православната црква. Овие поделби можат да се надминат само преку чесен и братски дијалог и заеднички напори на сите универзално признати автокефални цркви. Се надеваме дека претстојната средба ќе стане важна фаза во оваа насока, изјавил Алфеев.

Имено точно поради тоа, собирот во Аман се ценеше дека ќе биде собир на кој ќе се утврдат пријателите на доделувањето на автокефалниот статус на МПЦ-ОА и кои се опонентите на тоа. Поразени и осамени во Јордан, претставниците на Руската и на Српската православна црква веројатно сваќаат дека врвен поглавар е Вселенскиот патријарх Вартоломеј кој под негово патронство го зеде и процесот за статусот на нашата православна црква од каде очекуваат најавената покана да ја посетат Вселенската патријаршија да се случи по собирот во Аман кој е закажан да се одржи утре.

Личната хигиена клучна во превенција на корона вирусот

Да не се крева паника без потреба, но превентивно да се внимава на основните препораки за превенција од коронавирусот, велат докторите. 

Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат инфекција, но важно е да се преземаат и други мерки.

Од Светската здравствена организација препорачуваат хигиената да се подигне на повисоко ниво. На врвот е често темелно миење на рацете, а се препорачува користење на дезинфекциско средство на база на алкохол, кои најчесто ги гледаме во болниците.

Кога кашлате и кивате, покријте ги устата и носот и користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го и измијте ги рацете.  Од СЗО препорачуваат да се избегнува незаштитен контакт со болни луѓе, но и со домашни и диви животни, а при приготвувањето на храна , месото или јајцата целосно термички да се обработат.

На светско ниво препораките се универзални. Се советува да се избегнува допирање очите устата и лицето со нечисти раце.

“ Коронавирусот може исто така да се пренесе преку контакт со површини. Дозволете ми да ви објаснам, кога некој кива или кашла капките паѓаат на површините на масите или столчињата на кои вирусот може да остане жив и по неколку денови. Кога некој друг ќе ги допре површините на овие столчиња или маси вирусот може да се пренесе на неговите раце, а потоа ако си ги трие очите или носот без да си ги измие рацете, тој може да се зарази. Затоа, ние мораме да си ги миеме рацете. “  - Ган Ким Јонг – Министер за здравство во Сингапур.

Од Светската здравствена организација велат дека се уште е рано за прогласување на пандемија, но поради епидемијата на новиот коронавирус сè уште е во сила меѓународната тревога.

Пандемија се прогласува кога заразна болест се шири лесно од човек на човек во повеќе делови од светот.

Нетфликс воведува нова опција, избирањето на филмови и серии ќе биде полесно

Нетфликс има толку многу филмови и серии што тоа сериозно почнува да  пречи во сортирањето на содржините. Тие решиле да поработат на овој проблем.

Понекогаш може да биде многу тешко да се избере следната серија или следниот филм за гледање. Новата Нетфликс функција им помага на корисниците во тоа.

Почетниот екран на Нетфликс апликацијата сега ќе ги прикажува првите 10 најпопуларни содржини, но функцијата за жал е ограничена само за корисниците во САД. Лисата најпопуларни филмови и серии секојдневно ќе се менува во зависност од тоа што е најпопуларно на платформата.

Секако, ова се разликува од категоријата „trending now“, која варира од корисник до корисник. Доколку на корисникот не му одговара некоја серија која е високо рангирана во трендинг, помалку е веројатно дека Нетфликс ќе ја препорача, пишува „Gizbot“.

Дали и кога оваа функција ќе стигне во Европа, останува да видиме.

притисни ентер