Дали ова е изгледот на летечкиот Ферари од иднината? (ВИДЕО)

Летечкиот автомобил на иднината неодоливо потсетува на моделот на Ферари кој освои две титули на Светскиот куп во Формула 1.

Некои работи за иднината на Ферари се веќе познати - ќе видиме повеќе хибриди кои започнуваат со SF90 оваа година, како и со нивниот SUV Purosangue кој се очекува во 2022 година. Сепак, тие сè уште не започнале да работат на летачки возила, иако се појави модел сличен на нивниот, како прототип на летачки автомобил. Според неофицијален извор, ова летачко беспилотно летало ќе има мотор V12 и три пропелери, пренесува TopGear.

Поточно, италијанското студио Лазарини Дизајн објави на својот канал на „Јутјуб“ футуристичко видео од летечки автомобил, наречен „FD-One “ .Тие во моментов бараат инвеститори.

Овој потенцијално тркачки дрон има три пропелери и е инспириран од моделите од 1950-тите - многу сличен на Ферари 500 Ф2, со кој Алберто Аскари ги освои првите две титули на Светскиот куп во Формула 1, во 1952 и 1953 година.

FD-One ќе има три пропелери кои се напојуваат од електрични мотори на батерии. Ќе се напојува со мотор V12. Лазарини тврди дека ова возило е малку подолго од седум метри и полесно од 1000 килограми, и може да достигне брзина од 500 км на час, поради што отворениот кокпит не е најдобро решение.

Згодната Никол покажа со што го завела Бред Пит

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Откако во јавноста како бомба одекна веста за нејзината врска со Бред Пит, атрактивната Германка со полски корени Никол Потуралски стана вистинска сензација. Нема веќе кој не знае за нејзиното име, а згодната бринета тоа знае да го искористи.

Се до неодамна таа беше обичен модел со адреса на живеење во Берлин, а денес името Никол Потуралски и тоа како е познато. Заради врската со холивудскиот шармер, и се отворија многу врати во модната индустрија.

Но, не е само новата љубов заслужна за тоа. Потуралски дефинитивно има предиспозиции да стане нов супермодел.

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Тоа сега и го покажа на јавноста преку својот јавен Инстаграм профил на кој ја следат неверојатни 230 илјади луѓе.

Додека во тоалетот од хотелската соба позираше пред последното снимање, многумина останаа без здив гледајќи го нејзиното совршено обликувано тело. Совршените пропорции дојдоа до израз,а на многумина им стана јасно со што таа успеала да го заведе хиливускиот актер.

Никол се фотоградираше во бикини со леопард принт и напиша дека не може да оди на плажа, но затоа себе ќе си дозволи ден во спа центар.

Видео: Студенти во Англија преку прозор бегаат од обезбедување

Студенти во Англија се снимени како скокаат низ прозорци за да побегнат од обезбедувањекое им ја попречило забавата во време на корона.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како студентите се спуштаат од голема височина додека пријателите се обидуваат да ги фатат.

Гласноговорникот на Универзитетот во Салдорд рекол дека се свесни за проблемот и дека преземаат мерки.

-Студентите ги потсетувавме и продолжуваме да ги потсетуваме на правилата и однесувањето кое од нив се очекува, рекол тој.

Гебрејесус: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки

Наредните месеци ќе бидат посебно тешки кога станува збор за пандемијата со корнавирусот, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус.

Гебрејесус на состанокот во Женева рекол дека ова е критичен момент кога станува збор за пандемијата, особено на северната хемисфера. Тој истакнал дека неколкуте наредни месеци ќе бидат многу тешки и дека некој земји се на опасен пат, пренесе „ТАС“.

Голем број земји бележат раст на бројот на заразени, што доведува до преоптоварување на здравствениот систем, истакна генералниот директор на СЗО.

Тој ги повика лидерите на државите да преземат итни чекори со цел спречување на понатамошно влошување, како и сеопфатна анализа на епидемиолошката ситуација и итно прилагодување на мерките во оние места кои бележат голем раст на бројот на новозаразени.

Освен тоа, властите мораат јасно да ја информираат јавноста за реалната епидемиолошка ситуација и да им помогнат на граѓаните и економијата, додава Гебрејесус.

Тој забележал дека има недостаток на кислород во многу болници низ светот.

Некои од најсиромашните држави на светот имаат само 5 до 20 отсто од потребниот кислород за лекување на пациенти, истакна генералниот директор на СЗО.

притисни ентер