Венецијанската комисија ја прифатила номинацијата на Дескоска за член на комисијата

Венецијанската комисија ја прифатила номинацијата на министерката за правда Дескоска за член на комисијата..

Министерката за правда Рената Дескоска и официјално е нов претставник на земјава во Венецијанската комисија. Номинацијата е потврдена и на веб страницата на Советот на Европа, за што Дескоска се пофали на социјалните мрежи и напиша дека комисијата потврдува дека таа ги исполнува критериумите за членство.

По реакцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски дека Дескоска не може истовремено да биде и министерка и претставник на земјава во Венецијанската комисија, таа на фејсбук напиша дека не постои судир на интереси бидејќи членството во европското советодавно тело не се смета за вршење на функција.

,,Членство во Венецијанска комисија, членство во ГРЕКО и слично не се смета за вршење на јавна функција. Сите носители на јавна функција имаат обврска да поднесат анкетен лист до ДКСК. Исто така ДКСК води Регистар на јавни функционери и до сега никогаш ниеден член на Венецијанска или на ГРЕКО не бил ставен по тој основ во тој регистар, ниту поднел анкетен лист заради членството. )

Министерката за правда демантира дека самата се предложила да ја претставува државата, вели дека процедурата на номинација не се врши преку ресорот со кој таа раководи, туку преку Министерството за надворешни работи.

Во нејзина одбрана застана и претседателот на СДСМ Заев кој потенцира дека во комисијата членуваат многу високи функционери од европските земји.

Антикорупционерите засега немаат извршено проверка дали постои основ за судир на интереси, но доколку има, велат дека ќе формираат предмет. Инаку, Дескоска доаѓа на местото на професорката од Правниот факултет Тања Каракамишева на која и заврши четиригодишниот мандат во Венецијанската комисија.

„Само Интервју” вечерва со Сашо Орданоски

Вечерва во „Само Интервју“ гостува Сашо Орданоски.

Дами и господа, петок е ден за без „ракавици“, за сите актуелни политички и економски проблеми вечерва Гоце Михајлоски одговори ќе бара од Сашо Орданоски, политички новинар и аналитичар.

Името го сменивме, добивме пријатели но и коронавирус, уште колку „милји“ не делат од „животот“ во Македонија?

Дали нашите историски корени од „волшебната“ приказна за Гоце ќе бидат новата рампа пред ЕУ?

Има ли обид да се купи политичкиот “мир“ со парите на граѓаните?

Дали и тоа е дел од реформите што ги бара ЕУ?

На СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, чија „визија“ за државата е подобра за граѓаните?

Кој тоа таму и зошто пее на опозициските протести?

Можна ли е некоја своевидна реприза на сценариото од 27-ми април и дали Македонија се движи кон етничка или кон граѓанска држава?

Постои ли паралелна разузнавачка мрежа од поранешните структури на власт?

„Снајпер“ или „ракавици“ што ќе донесе со себе, гледајте го Сашо Орданоски во Само Интервју, само на Канал 5 Телвизија.

Започна доградбата на манастирот „Св.Јован Крстител" во делчевско Очипала

 Во делчевското село Очипала започна уредувањето на надворешниот и внатрешниот дел на манастирот „Св.Јован Крстител". 

По првичната сторија за манастирот објавена на МИА пред неколку месеци, како што информира ктиторот Ванчо Симовски се јавиле доста спонзори, со чии средства започна уредувањето на екстериерот и ентериерот во самиот манастир.

-Доста луѓе и фирми се јавија како спонзори кои помогнаа и обезбедија средства и материјал за да може манастирот да се доизгради целосно. Очекуваме целосно да го завршиме најдоцна до следната пролет. Се работи за манастир кој се наоѓа на многу стар локалитет. Познат е по овој камен од кој извира вода, каде многу луѓе се имаат крштевано од него. Во негова близина има секогаш многу убава вода, за очобол, за глава, за здравје поради што може секој да дојде, секој да проба, да види и да чини адет, вели Симовски.

Уредување на манастирот Симовски им го додели на група од три момчиња кои сакајки и самите да дадат придонес за негова доизградба прифатиле да работат за пола цена.

-По желба на газдата одлучивме да бидеме со нешто донатори заради што се нафатив да работам со мојата работна група. Апелирам до сите верници кој со што може да помогне да се доизгради црквата „Св.Јован Крстител", вели мајстор Николчо Јанкуловски.

По завршувањето на работите на манастирот Симовски планира да се уреди и дворното место, бидејк икако што додаде се работи за доста атрактивен локалитет во чија близина некогаш била планирана и железничката пруга со Република Бугарија.

-На местото под самиот манастир се наоѓа тунел кој се протега во должина од најмалку е 500 метри. На спротивната страна самиот тунел е изѕидан со блокови и со камен. Тоа е правено некогаш за пругата што требала да оди за Бугарија. Токму поради тоа сметам дека има многу добар простор кој со помош на спонзори може многу добро да се уреди со огромен паркинг и уште една патека која ќе го поврзува местото со регионалниот пат Делчево – Благоевград, Целта е да можат туристите да го посетат местото, каде секој кој ќе дојде да може да си го остави автомобилот и да ужива во местото, додава Симовски.

Целокупната замисла како што објаснува Симовски е да се уреди и дворното место и со тоа комплексот да добие една прекрасна целина.

-За дворното место имам „пазарено" машина да ја извади земјата, а потоа планирам да го извадам целиот камен и да го искористам за да направам убава чешма на која во средината ќе има голем круг со ликот на Господ, а на другите две страни лево и десно, ликот на Мајка Богородица и „Св.Јован". Потоа напролет ќе го средиме дворното место околу манастирот ќе посадиме тревичка со цел местото навистина да биде како што треба, додава ктиторот Симовски.

Тој упати покана до сите верници и дарители кои се во можност да помогнат да се заврши објектот кој овозможува прекрасна панорама кон градот Делчево и има идеални услови да прерасне во убав туристички локалитет кој ќе биде посетуван од многу туристи.

Меѓу 1 и 20 октомври ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, вели Заев

 Меѓу 1 и 20 октомври верувам дека ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, најави денеска премиерот Зоран Заев.

– Еден дел од инстититуциите ги разгледуваме, кои се во надлежност на Владата и Владата ги именува. Еден дел од институциите ќе одат на конкурси, заради тоа што за нив одлучуваат управни или надзорни одбори. Заеден дел има посебни постапки кои министрите ги именуваат, како свои тимови, раководители на клиники во здравството, дирекции кои се директно под самите министерства. Нашиот план е некаде на почетокот на октомври да почне целата таа постапка со желба до 15-20 октомври да заврши, рече Заев во Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите за изборот на новите директори и за нивната распределба.

Институциите имаат свои раководни кадри кои, како што рече, работат, функционираат и немаме намера да ги стопираме.

– Важно е селекцијата на кадрите да биде соодветна, да избереме максимум капацитетност на она што постои како понуда за да можеме да се надеваме на максимилизација во успешноста во нивното работење. Меѓу 1 и 20 октомври верувам дека ќе завршиме со одлуките за поставување раководни места по институциите, рече Заев.

Прашан за тоа која функција ќе ја преземе Мухамед Зекири, Заев рече дека се уште немаат донесено одлука и има повеќе опции. Потсети дека тој е потпретседател на партијата и има дилема дали останува во Парламентот или ќе земе некоја функција. Премиерот Заев нагласи дека веднаш штом ќе ги донесат одлуките ќе ги соопштаат.

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски извршија увид во градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен.

притисни ентер