Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повтори грешките со Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повторува грешките од Сирија.

Како што пренесе  агенцијата Анадолија,Ердоган ова го кажал на церемонијата на отворање на новите објекти од Турско-германскиот универзитет во Истанбул, на која беше заедно со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во пресрет на неговата средба со Меркел, турскиот претседател кажа дека темата за Либија, како и другите регионални прашања, ќе бидат ставени на масата за разгледување, паралелно со турско-германските билатерални односи.

Турскиот лидер истакна дека атмосферата на хаос во Либија ќе го засегне целиот Средоземноморски басен. Според него, напорите за постигнување мирно решение во Либија треба да бидат забрзани за повторно да не соберат сили терористичките групи, како Исламска држава и Ал Каеда.

притисни ентер