Силна експлозија го потресе Хјустон во Тексас, двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа во експлозија во индустриски објект во Хјустон, во американската држава Тексас ,  соопшти Арт Ацеведо, началник на полицискиот оддел.

Експлозијата ги оштетила зградите и куќите во околината. Ацеведо рече дека досега нема индикации дека експлозијата била намерна, а истрагата е во тек. Експлозијата се случила околу 4 часот по полноќ, објавија локалните медиуми во Хјустон.

Градските власти продолжуваат да ги повикуваат жителите да ја избегнуваат областа близу патот Геснер.

притисни ентер