Општина Гостивар ја отфрлува како неоснована реакцијата на КК „Гостивар"

​Општина Гостивар ја отфрлува како неоснована реакцијата на Кошаркарскиот клуб "Гостивар" дека наводно има намера да одвои 4 милиони денари за еден спортски клуб од вкупно 9,2 милиони денари наменети за таа цел.

"Согласно најновите објави на комисиите за 21 седница на Советот на Општина Гостивар во чиј предлог од предвидени 9,2 милиони денари, 4 милиони се предвидени за еден субјект, а остатокот за сите останати спортски субјекти во Гостивар", се вели меѓу другото во нивната реакција.

Во полза на вистината, мора да појасниме дека вчера се пратени до советницките материјалите за наредната седница на Советот, закажана за 30.01.2020 год. меѓу кои и дневниот ред на состаноците на Комисиите.

Како што може да се види и од документот подолу, на дневен ред на Коисијата за финансии и ЛЕР има предлог-одлука за доделување на финансиски средства на ФК "Гостивар" без да се наведе износот.

Доколку од КК "Гостивар" имаат сознанија дека од Фудбалскиот клуб "Гостивар" поднеле Барање за доделување на 4 милиони денари, па затоа реагираат, тоа се коси токму со она што го велат "Со целосна почит кон сите спортски клубови од Гостивар, реакцијата не е насочена кон нив, туку кон функционерите кои имаат обврска должноста да ја спроведуваат согласно законот и актите на локалната самоуправа".

Комисијата и општинските служби ќе го разгледаат барањето, а соодветна Одлука ќе донесе Советот на Општината, која понатаму ќе треба да ја спроведе Градоначланикот. Фактички се ќе биде токму согласно законот и актите на локалната самоуправа. Но, притоа ќе се земе во предвид вкупниот фонд наменет за таа цел, како и нивото на натпреварување, но секако и фактот кои спортски клубови се приватни, а кои со одлука на Советот се под чадорот на Општината.

Служба за информирање на Општина Гостивар

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер