Трипуновски: Власта има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра

СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои им следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години. 

Алармиравме и посочувавме дека има дупка во Платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции, кои им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017, 2018 и 2019 година. Власта негираше и лажеше, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

– Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите средства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од претходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без средства за исплата, односно за сите мерки за растително и сточарството ги оставаат со по 1.000 денари, изјави Трипуновски.

Тој информира дека на 28 декември Владата донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање на заостанати долгови.

– На 10 јануари Трајан Димковски, со барање за измени во Програмата од Владата побарува пренамена на средства, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени, за по 14 дена да признаат дека лажеле. Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои на земјоделците им следуваат согласно закон. Тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра, рече Трипуновски. Им порача на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. /МИА

Фото: Заев, Николовски и Филипче не носеле кациги, казнети по 50 евра

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.

Во Штип само за еден час биле казнети 50 возачи.

Сноуден негира дека на Трамповата администрација ќе и даде пет милиони долари

Тој на својот Твитер налог наведува дека „Си-Ен-Ен“ погрешно ја пренел информацијата.

Едвард Сноуден, некогашниот припадник на Агенцијата за национална безбедност (НСА), негира дека со согласил петте милиони долари кои ги заработил од продажбата на автобиографската книга и говорите кои ги држел по светот да и ги предаде на американската влада.

Тој на својот Твитер налог наведе дека „Си-Ен-Ен“ погрешно ја пренел информацијата и дека насловот на текстот би требало да биде „САД би можеле да заработат до 5 милиони долари со помилувањето на Сноуден“.

-Под А, тоа не е договор, јас со тоа не сум се согласил. Под Б, пресуда во овој случај не може да се изврши додека сум во егзил, но и онака никогаш не сум имал толку пари, напиша Сноуден.

„Си-Ен-Ен“ вчера објави дека, според договорот на Сноуден и администарацијата на Трамп, парите ќе бидат зачувани во посебен фонд.

Сноуден минатата година објави книга со наслов „Трајно забележано“ и со тоа го прекршил договорот кој го склучил со ЦИА и НСА.

Во книгата од која заработил повеќе од милион долари, открива како владата на САД направила систем за масовен надзор.

Средба Џафери-ДУЦОР „Партенија Зографски”

Сè што зависи од човечки фактор е решливо.

По повод Светскиот ден на знаковниот јазик, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, прими претставници на учениците и наставниците од училиштето за средно стручно образование за деца со оштетен слух, ДУЦОР “Партенија Зографски”.

На средбата претседателот Џафери истакна дека, доколку се има храброст, сила, борбеност и поддршка од околината, нема невозможни нешта во животот. Собранието секогаш има и ќе има отворени врати за сите граѓани, за нивните идеи и иницијативи кои треба да се преточат во закони и на тој начин да се надминат постојните пречки. Тој истакна дека, ниедна пречка не е преголема и дека ниеден проблем не е нерешлив, доколку истиот зависи од човечки фактор.

Професорката Викторија Волак, му се заблагодари на претседателот Џафери за неговата отвореност, непосредност и едноставноста на процедурите за остварување на оваа средба, како и за искажаната волја да се решаваат проблемите на кои наидуваат.

Претседателот им посака на учениците да не престануваат да истражуваат нови хоризонти на знаење, да постигнат врв во своите професионални кариери и следната средба да биде еднакво пријатна, но побројна.

притисни ентер