Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ очигледно е против нашето зачленување во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивните политики кои директно наштетуваат на државата и на интересите на граѓаните на Република Македонија.

Додека во Шпанија во тек е последната ратификација на Протоколот за нашето зачленување во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ со одбивањето да гласа за Законот за одбрана го загрозува тој процес.

Република Македонија е на чекор да стане 30. земја членка на НАТО и со тоа да ја осигура својата стабилност, безбедност, економски развој и сигурна и просперитетна иднина.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно е против нашето зачленување во НАТО.

Свесното блокирање на Законот за одбрана може да испровоцира ново вето од Грција и со тоа да ја врати државата со децении назад.

Мицковски и неговите пратеници го кршат Уставот и го кочат остварувањето на повеќедецениската стратешка цел – членство на Република Македонија во НАТО.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува воведување на НАТО стандарди во македонската армија, обезбедува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО.

Затоа, ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политиканство и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за нашето зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија.

Деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е одамна прочитано од граѓаните.

Зачленувањето во НАТО и во Европската унија се наша стратешка цел повеќе од 25 години. Граѓаните се определија и ги поддржаа овие политики, наспроти политиките на корупција и заштитата на криминалот кои ги промовираат Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе се потврди на 12 април, кога Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат уште еден пораз.

Граѓаните повторно ќе се определат за стабилна, просперитетна и успешна Република Македонија.

Нашата татковина ќе продолжи напред, нема да дозволиме напредокот да биде блокиран или закочен. Казната за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од Будимпешта, доаѓа на 12 април.

Хари Локвенец, пратеник од СДСМ

„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втората руска вакцина против вирусот корона ќе биде регистрирани во најскоро време.

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирани и втора вакцина против вирусот корона“, рекол Путин обраќајќи се пред сенаторите во Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додал дека властите на Русија ги имаат во предвид можните ризици во борба против вирусот корона.

Според зборовите на Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се справи со коронавирусот и сезонскиот бран на настинки и грип.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјавил дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде произведувана од компанијата „Биокад“.

„Спутник“ потсетува дека Русија во август ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, која ја разви центарот „Гамелеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Моментално е во тек финалната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број на доброволци.

Фото: Заев, Николовски и Филипче не носеле кациги, казнети по 50 евра

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.

Во Штип само за еден час биле казнети 50 возачи.

притисни ентер