10 градови во Кина од денеска во изолација поради коронавирусот

Околу 30 милиони луѓе во 10 кинески градови од денеска се во изолација. Кина го проширува карантинот, кој треба да го спречи ширењето на корона вирусот. 

Со затворање на приодите и целосен прекин на јавниот сообраќај се соочија повеќе градови во централната провинција Хубеи. Најдраматично е во 11-милонскиот Вухан, кој веќе нема капацитет да ги прими илјадниците пациенти, кои буквало ги преплавија болниците за да ја проверат здравствена состојба.

-Сите што доаѓаат по резултати од тестови нека го следат ова момче до влезот и нека се наредат. Бидете трпеливи, вели на снимката жена од медицинскиот персона.

-Имам висока температура и кашлица. Се плашам дека сум заразен, изјави жител на Вухан

-Вухан е огромен град со огромна популација. Болничките капацитети не можат да ја издржат актуелната состојба, вели жител на Вухан

Но, властите во Вухан експресно одговорија на потребите. Со десетици багери и булдожери веќе почнаа изградба на специјална болница со капацитет за 1.000 луѓе, која треба да биде готова за најмногу пет дена. Бројот на починати е 26, најмладата жртва е 48, а најстарата 69 години. Вирусот почна брзо да се шири во последниве пет дена, кога од 100 билансот на заразени се искачи на 850. Заразата веќе се прошири во Тајланд, Јужна Кореја, Виетнам, Јапонија, Тајван и САД, а се уште не се потврдени 14-те сомнителни случаи во Британија. Светската здравствена организација синоќа соопшти дека се уште е рано да се прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво, иако не исклучува можност за тоа.

-Да бидеме јасни. Иако постои вонредна состојба во Кина, се уште не се работи за глобална вонредна состојба, но има можност да стане. Засега нема докази за пренесување на вирусот од човек на човек надвор од Кина., вели Тедрос Аданом, генерален секретар на СЗО

Досега се знае дека вирусот мутира, се шири и за него нема вакцина. Дел од научниците сметаат дека можен извор на заразата може да се змиите или лилјаците.

„Само Вистина" со Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски. 

Било која влада во иднина ќе мора да стигне до истиот договор за добрососедство со Бугарија, сите проблеми мора да се решат со дијалог, рече Јовановиќ. Нема никакво добрососедство, договорот е асимилаторски и е направен на темелите на Санстефанска Бугарија, рече Тасевски.

И комисијата и договорот да се повлечат, нема пријателство ако една страна манифестира сила, а другата само прави отстапки, рече Тасевски. Со блокада и радикализам не одиме напред, само се продлабочуваат разликите, рече Јовановиќ.

Во фудбалските девијации има политичка порака, навивачите се користат за политичко поткусурување, рече Јовановиќ. Уривањето на дивоградбата кај Мавровка е само да се покаже дека има правда, пола Скопје е на септички јами, а збориме за 80 дивоградби на Шара, реплицира Тасевски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Црна Гора: Од направени 664 тестови 230 се позитивни на Ковид-19

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна гора изнесува 3.279.

Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани нови 230 случаи на заразени со коронавирус, а починале две лица.

Новозаразените се регистрирани меѓу 664 тестирани примероци на новиот коронавирус.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни изнесува 129, а од почетокот на годината 138, извести црногорскиот Институт за јавно здравје.

Во последните 24 часа е пријавено дека 157 лица се излекувале од вирусот.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора моментално изнесува 3.279.

Од почетокот на годината вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот вирус е 8.842.

Полицијата спречи нов инцидент во струмичката болница, почина деветмесечно дете

Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент.

Попладнево околу 16 часот на детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно дете од село Банско, а со правовремена интервенција на полицијата е спречен инцидент, откако еден од роднините на детето бурно реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

-Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба, рече д-р Гогов.

Инаку, денес претпладне се случи голем инцидент на инфективното одделение во болницата, кога група од дваесетина граѓани украдоа мртовец. Пациентот, откако бил примен во тешка состојба, по дваесет минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец. /МИА

притисни ентер