Дали пратениците ќе покажат волја да се донесе забрана за увоз на отпад како енергенс?

Дали Собранието ќе го изгласа законот за забрана на увоз на отпад кој вчера беше прескокнат на расправата во Собрание, бидејќи била потребна дополнителна консултација со институциите затоа што земјава е потписник на Базелската конвенција.

Лилјана Поповска од партијата ДОМ, вели дека оправдувањето е не логично, будејќи Македонија не е членка на ЕУ, додавајќи дека законот мора да се изгласа затоа што целиот процес се врши неконтролирано.

Во моментов во земјава не се внесува отпад кој може да се складира, туку само оној кој може да се преработи, изјави заменик-миистерот за животна средина Јани Макрадули

Тој рече дека најголем увоз на опасен отпад во земјава имало од 2012 до 2016 година, во 2017 тој е значително намален а во 2018 воопшто и не бил внесен таков отпад.

Тонско Јани Макрадули заменик министер за животна средина

Макрадули смета дека аерозагадувањето може да се реши со елиминација на неговите извори, и дека е подобро отпадот да се искористи како алтернативно гориво отколку да се трупа на депониите, Македонија вели тој, повеќе извезува отколку што увезува отпад.

Ќе се гради пруга од Кичево до Струга кон Албанија

Желизничкото поврзување долж коридорот 8 останува приоритет за државата. 

Освен кон Бугарија, ќе се гради железничката пруга и до Албанија. Станува збор за делница од 63 километри од Кичево до албански Лин кај Радожда.

За овој долгонајавуван проект владата синоќа дала зелено светло, а за целиот проект државата ќе бара околу 500 милиони евра од меѓународни финансиски институции и кредитори. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека проектната документација е готова, но изградбата ќе почне кога ќе се обезбедат парите.

Според Бочварски потребна е реконструкција на пругата и од албанска страна, бидејќи е застарена.

Освен железничка инфраструктура се најавува и автопатска реконструкција на неколку делници. Во моментов, се работи на проширување на автопатот меѓу Катланово и Петровец на двете коловозни ленти. Инвестицијата чини над 7 милиони евра.

Првиот човек на ЈП Патишта најави дека во октомври ќе се распишат тендери за реконструкција на девет делници, од кои четири че бидат токму во делот околу Петровец, Хиподром и Миладиновци. До крајот на годината се очекува рехабилитација околу 300 километри за побезбедни патишта.

ВМРО-ДПМНЕ: Што се 50 евра за возење без кацига, кога обвинителство молчи за 200 милиони евра на Дака

Денес власта на Заев се обидува бесрамно да глуми правна држава. 

Изречената казна од 50 евра за Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски е обичен пи-ар театар во услови кога власта на Заев е фатена до гуша во скандал со коруптивниот случај со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ. Сега ќе глумат владеење на правото за казна од 50 евра за сообраќаен прекршок, а криминален бизнис тежок 200 милиони евра поминува без никаква реакција на институциите.

Аболицираниот за криминал од 8 милиони евра, човекот кој сите го слушнаа и видоа како бара евро за вицето, човекот кој е капо ди тути капи на сите криминални, корупциски и рекетарски мрежи во Македонија не може да биде пример за право и правда.

Ова е само блед обид како да се затвори еден сообраќаен прекршок, дури откако јавноста дозна за него преку социјалните мрежи. Апсурдот да биде поголем овој сообраќаен прекршок бил направен на очиглед на припадници на МВР кои се дел од неговото обезбедување и никој не го спречил или санкционирал, се до оној момент не се дозна во јавноста.

Тоа е методот на криминалците и прекршителите на законот, ако помине помине, ако не ќе релативизираат, ќе се извинуваат до небо и ќе прават ефтин пи-ар.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МЗ: Пет починати и 183 нови случаи на Ковид-19

Денеска се регистрирани 183 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 17049. Оздравени се 102 пациенти– починати се 5 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6680, активни 598

• Куманово 1708, активни 188

• Дебар 280, активни 39

• Штип 1234, активни 53

• Прилеп 639, активни 127

• Тетово 1400, активни 178

• Струга 654, активни 64

• Велес 312, активни 38

• Битола 280, активни 58

• Охрид 414, активни 52

• Кавадарци 220, активни 35

• Гостивар 917, активни 107

• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 191, активни 122

• Крива Паланка 102, активни 29

• Радовиш 74, активни 23

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 286, активни 117

• Пробиштип 106, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 42, активни 8

• Берово 87, активни 27

• Валандово 20, активни 11

• Виница 103, активни 29

• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 3

• Свети Николе 319, активни 20

• Кичево 313, активни 35

• Ресен 162, активни 14

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1769 теста се преку: ИЈЗ-603, ЦЈЗ Скопје-52, Авицена-334, Биотек-121, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-154, Систина со PCR метода -127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-12, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 67

• Гази Баба – 74

• Аеродром - 86

• Карпош – 71

• Центар – 83

• Кисела Вода – 58

• Ѓорче Петров – 38

• Бутел - 33

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 11

• Сарај – 13

• Арачиново – 9

• Илинден – 16

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен-1

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

притисни ентер